Линкови за пристапност

Религиозно движењето поврзано со Рик Пери предизвикува контроверза


Религиозно движењето поврзано со Рик Пери предизвикува контроверза
Религиозно движењето поврзано со Рик Пери предизвикува контроверза

Ново апостолско реформирање е движење што се асоцира со Пери и кое може да му наштети во кампањата

Илјадници лица минатиот месец се собраа на стадион во Хјустон, Тексас, за молитва.

Човекот кој ги повика на заедништво сега е водечки кандидат за претседател од редовите на републиканците; станува збор за гувернерот на Тексас, Рик Пери.

Пери го организираше собирот со неколку свештеници кои се дел од движењето познато како Ново Апостолско реформирање или НАР.

НАР е збир од христијански проповедници кои се претставуваат себе си како апостоли на модерното доба и пророци. Главна цел им е Америка да се окарактеризира како христијанска нација.

Републиканските претседателски кандидати Њут Гингрич, Сара Пејлин и Мишел Бакман наводно се поврзани со свештеници или цркви кои имаат таканаречени „доминионистички“ погледи.

Ова движење особено се залага за влијание во, како што велат, „седум планини“ – влада, религија, медиуми, семејство, бизнис, образование, уметност и забават.

Питер Вагнер кој го именуваше движењето, вели дека не се работи за создавање теократија:

„Не веруваме во преземање на нацијата. Но, веруваме во наметнување влијание во секоја од „планините“ со цел да ги увидиме вредностите на господовото кралство во рамки на демократското општество, заедно со религиозниот плурализам“, истакна Вагнер.

Но, критичарите велат дека движењето на новите апостолски реформатори имаат цел да му стават крај на религиозниот плурализам. Дури и конзервативните евангелистички христијани ги сметаат за секта.

Свештениците од НАР честопати ги обвинуваат абортусите и хомосексуалноста за природните катастрофи. Вагнер вели дека движењето верува дека социјалните болести, како криминалот, сиромаштијата и расизмот се предизвикани од ѓаволски влијанија.

Кетрин Бовлер е професор по американско христијанство при Универзитетот Дјук во Дурам, Северна Каролина:

„Речникот е честопати метафоричен, како јазик на спиритуална битка“, вели таа.

Форест Вајлдер е новинар на тексашкиот магазин Обзервер кој ги истражува новите врски меѓу новите апостолски реформатори со гувернерот Пери во текст насловен “Божјата армија на Рик Пери“.

Тој вели дека Пери добро котира во новото популарно движење, а неговата поврзаност со движењето Ти парти против зголемување на даноците лани му помогна да обезбеди реизбор:

„Се случуваат нови нешта и тој е дел од развојот на региозната десница. Во моментов владее големо возбуда за тоа“, вели Вајлдер.

Истражувањето покажа дека повеќето Американци не го одобруваат вклучувањето на црквите во политиката. Но, експертите велат дека растечкото влијание на ваквите движења може да биде корисно за било кој кандидат кој ќе се соочи со претседателот Обама на изборот следната година.

XS
SM
MD
LG