Линкови за пристапност

Мекристал лично пред Обама ќе ги објаснува контроверзните коментари


Обама вторникот го критикуваше Мекристал за „лоша проценка“, но рече дека сака лично да разговара со него пред да одлучи дали да го смени од функцијата

Белата куќа го свика главниот американски командант во Авганистан, генералот Стенли Мекристал, на средба со претседателот Барак Обама поради тоа што тој со неговиот персонал во новински напис се постмеваа на првите лица во владата.

Обама вторникот го критикуваше Мекристал за „лоша проценка“, но рече дека сака лично да разговара со него пред да одлучи дали да го смени од функцијата.

Американските медиуми јавуваат дека генералот е подготвен да понуди оставка. Пред да замине за Вашингтон, Мекристал рече дека написот во магазинот Ролинг стоун е грешка што никогаш не требало да се случи.

Во написот „Одбегнатиот генерал“, се цитираат блиски советници на Мекристал како нарекуваат виш претставник на администрацијата на Обама „кловн“, а за друг велат дека е „рането животно“. Во текстот се наведува дека генералот бил „разочаран“ од првата средба со претседателот.

Портпаролот на авганистански претседател Хамид Карзаи за Мекристал изјави дека е лојален партнер и една од најважните личности во односите на САД со Авганистан.

XS
SM
MD
LG