Линкови за пристапност

Европскиот противракетен штит – тест за односите Вашингтон - Москва


Европскиот одбранбен штит - САД и Русија на крстопат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Европскиот одбранбен штит - САД и Русија на крстопат

Експертите се поделени

Откако претставник на Белата куќа обвини дека со позиционирање на крстосувачки проектил, Русија го прекршила 30-години стариот меѓусебен договор со САД, експерти од оваа проблематика коментираат со оглед на следните чекори во новите односи меѓу Вашингтон и Москва.

Според нуклеaрниот договор од 1987-та, што се однесува на ракети од среден домет, забрането е поседување, производство или нивно тестирање земја-воздух до дострел меѓу 500 и 5.500 километри.

Експертите се поделени. Дали да се прошири европскиот одбранбен штит или да се стопира изградбата на нова локација за стационирање одбранбени проектили во Полска, како чекор за намалување на напнатоста во Русија?

„Програмата треба да се стопира. Ако продолжи, ќе направи поделба во Алијансата, затоа што Русија може да обвини дека е насочена против неа. Да не дозволиме Русија да направи раздор во НАТО“, коментира Џозеф Сиринционе, претседател на анти-нуклеарниот фонд Плогшеарс.

На иста линија е и Михаела Доџ, експертка за одбранени прашања во Фондацијата Херитиџ: „Не мислам дека запирањето на изградбата на локацијата во Полска ќе обезбеди значителни безбедносни отстапки од Русија. Напротив, ќе ја влоши состојбата. Моја препорака е да се продолжи со изградба на одбранбени локации за проектили во Европа, но и да се јакнат врските, политички и воено, во Европа“.

Том Карако од Центарот за стратешки и меѓународни истражувања вели дека европската програма за распоредување безбедносен штит треба да продолжи, со оглед на актуелните односи со Русија.

„Мислам дека е погрешно време да запре одбранбениот план за Полска и други локации Треба да останеме на курсот, да распоредиме проектили во Полска и да ја адаптираме подготвеноста за нови закани“, изјави Карако.

Русија има 7000 боеви глави, а САД 6800, според Плогшаер, невладина група за забраната за ширење на нуклеарното оружје.

Претседателот Трамп неодамна најави дека планира САД да бидат на врвот од подготвеноста со нуклеарниот арсенал и оти не сака земјата да заостанува со воениот капацитет.

Новиот договор за ограничување на стратешкото оружје, познат како Нов почеток, меѓу САД и Русија, бара до 5-ти февруари 2018-ма, двете држави да го ограничат арсеналот на стратешко нуклеарно оружје на исто ниво до пред 10 години.

XS
SM
MD
LG