Линкови за пристапност

Нема крај на светот


Не се оствари предвидувањето на Мајите

Денеска во светот, верници, туристи и љубопитни го одбележуваат крајот на голем циклус во 5,125-години долго сметање на времето според календарот на Мајите, за што некои предвидуваа дека е крај на светот.

Доцна во четвртокот церемонии се одржаа во северна Гватемала во антички храм на Мајите одбележувајќи го крајот на она што се нарекува 13-ти бактун.

Рано денеска, туристи го исполнија античкиот грчки град Сиринц во западна Турција за кој се верува дека ќе биде област поштедена од апокалипсата.

Во Тајван, одбројувањето беше кај реплика на пирамида од времето на Мајите.

Некои спиритуалисти велат дека крајот на Мајанскиот календар значи нова зора за човештвото и дека 21 декември ќе донесе ера на љубов и мир за светот.
XS
SM
MD
LG