Линкови за пристапност

Либијците во САД стравуваат за семејствата во татковината


Либијците во САД стравуваат за семејствата во татковината
Либијците во САД стравуваат за семејствата во татковината

Не го откриваат идентитетот поради страв од реперкусии од режимот на Гадафи

Во време кога во Либија продолжуваат противвладините протести од една, и обидот на власта да го згасне истите од друга страна, Либијците кои живеат во САД стравуваат за роднините и пријателите во татковината.

Најла е на постдипломски студии во Бостон, Масачусетс. Не го открива своето презиме затоа што стравува дека нејзиното семејство може да стане цел на заплашувања и напади од владата на долгогодишниот властодржец Моамар Гадафи.

„Велат дека ситуацијата е влошена. Уплашени се. Не само што се уплашени, туку и во паника“, вели Нејла, која постојано се слуша со семејството.

„Немам ниту зборови да опишам со што се соочуваат секој ден. Пукотници. Тие се невооружени и недолжни лица. Би рекла дека таму се случува геноцид, масакр. Немам други зборови“, раскажува Нејла.

Садик, која студира инженерство на Универзитетот на Мериленд, не го открива целосно идентитетот од исти причини како и Најла. Па сепак, вели дека состојбата во Либија е толку лоша што сака да зборува гласно, и покрај ризикот од реперкусии кон нејзиното семејство:

„Сигурна сум дека сега ме слушаат и ќе им предочат за мене на моето семејство во Триполи. Уверена сум дека ќе го сторат тоа. Се молам на Господа да ги заштити“, вели Садик.

Ваквите стравувања нагло се зголемија кога либискиот водач Гадафи во обраќањето до нацијата, со стесната тупаница, се закани со смртна казна за секој што ќе посегне по оружје против Либија или ќе учествува во шпионажа.

Многу Либијци, како Али Абузакук, кој е извршен дирекор на Либискиот форум за човеков и политички развој од Вашингтон, сметаат дека САД треба да имаат улога во ставање крај на режимот на Гадафи, кој владее со земјата веќе 41-на година.

„САД се суперсила, се` уште единствената суперсила во светски рамки. Знаеме дека ако една суперсила, кога е во целосна координација со ЕУ, сака да стори нешто, таа може да го стори тоа. Прашањето е дали е заинтересирана само за нафтата или и за човековите права, страдањето на луѓето и ставањето крај на агонијата на либискиот народ“, коментира Абузакук.

Американскиот претседател Барак Обама средата наложил на својот тим за национална безбедност да подготви „целосен обем на опции“ за справување со кризата.

Обама рече дека однесувањето на либиската влада ги прекршува меѓународните норми и кажа дека крвопролевањето и страдањето никако не може да се оправдаат. Според Обама, од клучно значење е сите земји да проговорат во еден глас за ситуацијата.

Обама ја испрати државната секретарка Клинтон во Женева на меѓународни разговори наменети на запирање на насилството во Либија. Клинтон средата кажа дека САД соработуваат со меѓуанродните партнери за да испратат јасна порака до либиските власти дека насилството е неприфатливо и дека режимот на Гадафи ќе се смета за одговорен за своите постапки. Таа рече и дека примарна грижа на Вашингтон мора да биде безбедноста на своите граѓани, наведувајќи дека се преземаат сите мерки за нивна евакуација од Либија.

XS
SM
MD
LG