Линкови за пристапност

Луј Темелковски: Преговорите за името се фарса


Луј Темелковски: Преговорите за името се фарса
Луј Темелковски: Преговорите за името се фарса

Најдобар начин иселениците да и` помогнат на татковината е да ја посетат, поентира Темелковски

Иако македонската заедница во Торонто е огромна, сепак, има простор за подобрување на нејзината положба во рамки на локалните и федерални институции, како и потреба од поголема гласност во промовирање на македонската кауза - вели Луј Темелковски.

Поранешен пратеник, но бара реизбор како кандидат од редовите на канадските либерали. Луј Темелковски вели: Македонците не живеат во гета. Интегрирани се во сите сфери од животот и наведува дека само во Торонто има околу 100.000 Македонци.

Како се одразува актуелната економска криза врз македонската заедница во метрополата?

Не мислам дека директно се одразува врз македонската заедница, туку се одразува врз целата канадска популација. Економската криза во САД се одразува негативно не само врз канадската заедница туку и врз светот. Мора напорно да работиме и да ја надминеме затоа што многу луѓе страдаат, порачува кандидатот на следните парламентарни избори во Канада.

Најдобар начин иселениците да и` помогнат на татковината е да ја посетат, поентира Темелковски, кој 42 години живее во Канада. Ги охрабрува младите Македонци:

„Бидете инволирани. Најпрво – образованието. Вклучете се во политиката, социјалниот живот, уметноста, културата, спортот... Тоа е видливо деновите“, порачува поранешниот пратеник.

Како и огромното мнозинство Македонци во дијаспората, Темелковски не гледа причина да продолжат преговорите за името меѓу Македонија и Грција:

„Мислам дека тие се фарса. Не мислам дека треба да продолжат. Треба да се излезе од нив. Нема простор за дискутирање. Македонија е Македонија. Точка“, вели Темелковски.

За односите меѓу грчката и македонската заедница во Канада поранешниот канадски законодавец вели дека фактот што првата е побројна и помоќна од втората не значи дека помалата е без идентитет.

XS
SM
MD
LG