Линкови за пристапност

Враќање на цивилниот живот за многу ветерани значи бездомништво


Враќање на цивилниот живот за многу ветерани значи бездомништво
Враќање на цивилниот живот за многу ветерани значи бездомништво

Илјадници американски војници, морнари и пилоти кои се вратиле од опасни мисии во Ирак и во Авганистан завршуваат како бездомници

Организациите кои им помагаат на ветераните велат дека многумина од ветераните завршуваат на улица или во прифатилишта само неколку месеци откако ќе ја напуштат армијата.

Поранешниот поручник Тара Хенри се се пријавила за американската армија веднаш по средното училиште. Служела на два пати во Ирак како специјалист – хемичар, работа што инволвира откривање и уништување хемиски, биолошки и радиолошки агенси. Станала бездомник кусо време откако се вратила во цивилен живот пред две години:

„Ако веднаш од средно училиште се вклучите во армијата, кога по 11-12 години ќе се вратите во цивилниот живот, се соочувате со културен шок. Не знаете ниту од каде да почнете.“, вели Хенри.

Американската администрација за ветерани објави дека еден на четворица бездомници во Америка е ветеран, иако тие чинат само 11 проценти од американската популација.

Многу ветерани, како Тара Хенри се судираат со високата стапка на невработеност во САД:

„Се` уште живеам во прифатилиште и немам работа. Кога аплицирам за работа добивам одговор дека сум преквалификувана, дека имам премногу искуство, или дека тоа што сум го правела во армијата не е корисно за цивилниот живот. Служењето во армијата не значи ништо во цивилниот свет“, вели таа.

Тори Лион е директор на Проектот Џерико во невладина организација што им помага на ветераните да најдат работа и место за живеење. Благодарение на овој проект, Тара Хенри се обучува за да биде квалификувана за полесно наоѓање работа. Лион вели дека Одделот за одбрана при американската влада треба да стори повеќе за луѓето кои завршуваат со служење во армијата:

“Мислам дека треба повеќе да се фокусираме на обезбедување домови затоа што не може да ви биде подобро во ниедна друга област ако немате постојано и безбедно место за живеење“, вели таа.

Тара Хенри живее во прифатилиште за ветерани – бездомници во Њујорк. Проектот Џерико ќе и` помогне да се пресели во вистински дом. Но, според администрацијата за ветерани, повеќе од 100.000 ветерани се` уште живеат во прифатилишта или на улица.

XS
SM
MD
LG