Линкови за пристапност

САД на имигрантите им нудат многу можности


САД на имигрантите им нудат многу можности
САД на имигрантите им нудат многу можности

Околу 700.000 имигранти од повеќе од 200 држави станаа американски државјани изминатата година, според американската служба за државјанство и имиграциски услуги

Алехандро Мајоркас зрачи со самодоверба што ја одразува неговата поранешна кариера како адвокат и јавен обвинител. Тој е на чело со Агенцијата за државјанство и имиграциски услуги каде работат 18.000 лица. Агенцијата е дел од Одделот за домашна безбедност од август 2009-та.

Мајоркас вели дека улогата на агенцијата работи според две начела: да ги поздрави и да ги охрабри новодојденците, но и да ја зајакне националната безбедност на Америка:

„Има два дела од целината. Ние примаме значителен процент од светските бегалци. Навистина сме светилник на надежта и можностите за светот, за оние на кои им е потребни прибежиште, за оние кои бараат подобар живот за себе си и за блиските. Истовремено, не им нудиме добредојде и не ги охрабруваме оние кои сакаат да не` повредат“, вели Мајоркас.

Освен домородните Американци, сите американски државјани или нивните роднини дошле од некаде. Но, Мајоркас вели дека иако САД е нација на имигранти, нејзините граници мора да бидат стриктно контролирани. Конгресот ги ограничи и типовите и бројот на издадени визи кои им се нудат на оние кои бараат да ги минат тие граници.

“Има одредени програми за визи кои овозможуваат престој за привремени работници, луѓе со посебни вештини од сите општествени сфери кои би се вклопиле во визните програми на Конгресот. Условите се избалансирани да донесат обучена работна сила во земјата, но истовремено да ја заштитат американската работна сила“.

Мајоркас вели дека американската имиграциона политика исто така бара прибежиште и за политички угнетените луѓе:

„Програмите за азил и за бегалците ја дефинираат нашата држава како место за прибежиште на луѓе кои страдаат од прогонувања заради нивното членство во одредена група“.

На пример, има лица од ирачка националност кои обезбедувале поддшка за САД за време на конфликти и може да се квалификуват да добијат помош од САД.

Кога Америка им нуди можности на имигрантите, Мајоркас подвлекува дека од нив најмногу зависи како ќе ги искористат, преку иницијативите, напорна работа и образованието. Тој рече дека неговите родители ја потенцирале вредноста од учењето:

“Моите родители уште како млади ни ја всадија идејата за моќта на образованието како локомотива за растеж и откривање на можностите и реализирање на соништата“, вели тој.

Како што Мајоркас е горд на неговото мешано потекло, тој ја истакнува културната и етничка различност што ја носат имигрантите со себе. Има повеќе од 180 странски јазици кои се зборуваат по домовите во Њујорк.

„Тоа е убавината на Америка“, вели тој.

Но, тој исто така признава дека со цел да напредуваат, имигрантите треба да станат дел од американските текови. Со цел да стекнат државјанство, сите пријавени мора да демонстрираат основно познавање на англиски јазик и да знаат основни факти од американската историја, но и како функционира демократијата.

Истовремено, Мајоркас верува дека услугите што тие ги даваат имаат одговорност да го рационализираат визниот процес, да допрат до имигрантските заедници и да ги поддржат нивните напори, со цел Америка да стане нивен постојан дом.

XS
SM
MD
LG