Линкови за пристапност

Научниците развија бежична направа за мерење на шеќерот кај дијабетичарите


Научниците развија бежична направа за мерење на шеќерот кај дијабетичарите
Научниците развија бежична направа за мерење на шеќерот кај дијабетичарите

Дијабетичарите имаат тешкотии да го одржуваат здравото нивото на шеќер во крвта, затоа што не можат да произведат доволно инсулин

Системот за следење на гликозата е дизајниран да биде имплантиран под кожата, каде автоматски ќе ја мери гликозата или нивото на шеќерот во крвта и информациите ќе ги пренесува до надворешен примател. Направата, мал диск од 38 милиматри тенок само 16 милиметри, може да биде замена за болното земање крв од прст и имплантираниот сензор како игличка континурано го регистрира нивото на гликоза, но треба да биде заменет секои три до седум дена.

Дијабетичарите имаат тешкотии да го одржуваат здравото нивото на шеќер во крвта, затоа што не можат да произведат доволно инсулин, состојба позната како Тип 1 или дијабетис кај млади, или пак, затоа што инсулинот што го произведуваат не може да ја претвори гликозата во енергија, познато како Тип 2, или дијабетис кај возрасни.

Големи истражувања покажаа дека стриктната контрола на шеќерот во крвта, преку континуирано мерење на нивото на глукоза и негово изедначување кога нивото на шеќер е на премногу високо или премногу ниско ниво, го намалува ризикот од компликации од шеќерот, вклучувајќи проблеми за бубрезите, очите или срцевите заболувања.

Биоинженерот Дејвид Гаф од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, е водечки автор на студијата за опис на новиот мониторинг систем што успешно бил спроведен при тестирањето на животни.

Овој бежичен систем за надгледување на глукозата штити и од еден од најопасните аспекти на дијабетесот – хипогликемијата, кога нивото на шеќер паѓа многу ниско. Тоа е особено опасно, вели Гаф, ако условите се случи додека пациентот спие.

„Овие луѓе може да ја когнитвната способност и да им се случи некаква несреќа. Затоа, направата ги предупредува дека гликозата им е ниско ниво. Проблемите со дијабетесот на кус и на долг рок, во принцип, може да се подобрат“, вели Гаф.

Тој вели дека сензорите за гликоза може да се искористат да им испратат отрезнувачки повик на родителите на децата – дијабетичари, ако нивото на глукоза опадне на опасно ниско ниво за време на ноќта.

Истражувачите велат дека нивна цел е да создадат затворен систем во кој бежичниот монитор постојано ќе го мери шеќерот во крвта, а надворешната инсулинска пумпа автоматски ќе го изедначува неопходното количеството на инсулин.

Текстот во кој се опишува бежичниот монитор за мерење на крвта е објавен во Журналот Science Translational Medicine.

XS
SM
MD
LG