За повеќето луѓе, болката е сигнал од телото до мозокот дека нешто не е во ред. Ако го решите проблемот, ќе ја решите болката. Но, за некои, дури и кога раната е заздравена, а болеста е излекувана, болката останува.
Според стручњакот Андреас Бајутелер од Клиниката Мејо, за овие тие пациенти болката станала - болест:
„Се работи за хронична болка како заболување на нервниот систем. Хроничната болка не е само пролонгирана акутна болка, туку честопати и неадаптирана состојба на нервниот систем“.
Бајутелер вели дека се` до неодамна, било тешко да се се одгатне што точно се случува кај луѓето и животните кои страдаат од хронична болка:
„Ако преку микроскоп го анализирате нервниот систем на експерименталните животни, ќе изгледа нормално. Истото е и со пациентите. Снимките со магнентна резонанца, компјутерската томографија, други испитувања – сите даваат прилично нормална слика.“
Бајутелер вели дека научниците сметаат дека проблемот може да лежи во гените на нервните клетки. Сите клетки во телото имаат исти гени, што служат како мапа за тоа како клетките изгледаат и реагираат. Во зависност од тоа за кои клетки станува збор, различни гени се активни.
Од околу 20.000 гени во повеќето цицачи, само некои се активни во нормалните нервни клетки. Кога некои од тие гени престануваат да работат, или пак кога други започнуваат, нервните клетки почнуваат да се менуваат.
Промената на гените кај која и да е клетка може да биде штетна. Тоа, на пример, предизвикува рак. Невролозите сметаат дека тоа е и причината за некои невролошки заболувања.
Но, Бајутелер предочува дека е многу тешко да се изврши такво испитување:
„Многу истражувања не можат да се направат, затоа што се прават во нервниот систем, со многу малку ткиво. А, истражувањата каде на располагање е само мало количество на ткиво навистина не може да се направат со повеќе од неколку гени одеднаш“.
Од минатата година сепак има промена на овој план, отккао беше развиена нова техника наречена mРНК. Со неа може да се анализира како целата генетска секвенца се изразува само од мало количество на ткиво. Бајутелер вели:
“Други научници пред нас, со стари техники, имаа големи проблеми да најдат неколку промени. Но кога ги пронајдена, промените беа исклучително важни. Сега можеме да ги скенираме сите гени, за сите возможни промени веднаш, и во основа ја има комплетната слика одеднаш“.
При истражување на нервни примероци од стаорци, Бајутелер ги споредил нормалните гени со оние кои се под хронична болка. Вели дека нашол многу значителни разлики. Најмалку 10% или 2.000 од гените на стаорците страдале од хронична болка што го менувала нивното однесување. Тој верува дека ова може да доведе до развивање на нови лекарства за хроничната болка.
Истражувањето е објавено во Журналот за истражување на геноми.