Линкови за пристапност

Мал напредок во надминување на разликите на водачите на Г-20


Мал напредок во надминување на разликите на водачите на Г-20
Мал напредок во надминување на разликите на водачите на Г-20

Во коминикето објавено петокот се наведува дека првите луѓе на Г-20 се согласиле да се воздржат од „конкурентска девалвација“ на валутите и да се придвижат кон пазарно ордедени стапки на размена.

Водачите на 20-те најразвиени економии во светот се согласија да се ориентираат кон стапки на валутна размена дефинирани од пазарните сили. Тие исто така планираат да создадат систем што би ја утврдувал економската нерамнотежа. Но, завршната декларација на Самитот на Г-20 во Сеул не беше прецизна во однос на деталите и очигледно не ги разреши разликите.

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека водачите на Г-20 се согласиле да продолжат да го движат светот кон одржлив и урамнотежен растеж, иако треба уште многу да се стори за да се разрешат разликите околу трговијата и валутните прашања. Тој на крајот на дводневната средба коментираше дека е постигнат „реален напредок“.

Во коминикето објавено петокот се наведува дека првите луѓе на Г-20 се согласиле да се воздржат од „конкурентска девалвација“ на валутите и да се придвижат кон пазарно ордедени стапки на размена.

Обама во изјава за новинарите потенцираше дека кинеската валута јуанот и натаму се држи под реалната вредност, што ги иритира САД и други трговски партнери. Обама кажа дека е важно Пекинг постепено да дозволи пазарите сами да ја одредат вредноста на валутата.

Изјавата на крајот на средбата на Г-20 не вклучи јасно изразена позиција во однос на јуанот.

На затворањето на Самитот петокот, јужнокорејскиот претседател Ли Мунг-бак призна дека било тешко да се постигне договор за најгорливите прашања – политиката на девизниот курс и трговската нерамнотежа меѓу клучните економии.

Ли рече дека Самитот сепак произвел некои значајни резултати, од кои најголемото достигнување е духот на меѓународната соработка.

Британскиот премиер Дејвид Камерон го пренесе расположението од Самитот дека водачите на 20-те најразвиени економии се собрале на едно место за да донесат одлуки кои ќе му помогнат на светот, а не само на економиите на нивните земји.

Имаше поделеност за формирањето на конкретни нумерички норми за трговската нерамнотежа. САД и Јужна Кореја ја поддржаа идејата, но други, вклучувајќи ги Кина, Германија и Јапонија, се изјаснија - против.

Американскиот претседател Барак Обама ја подвлече реформата во Меѓународниот монетарен фонд и финансиските регулативи како значителни постигнувања на овогодинешниот самит.

XS
SM
MD
LG