Линкови за пристапност

Азија се прилагодува на растечката кинеска армиска моќ


Азија се прилагодува на растечката кинеска армиска моќ
Азија се прилагодува на растечката кинеска армиска моќ

Растечката воена моќ на Кина соседите ги прави нервозни за новата безбедносна карта во Источна Азија. Јапонија неодамна направи значителни промени во нејзината безбедносна политика кон Кина

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс ја подвлече важноста од американско-јапонското сојузништво за безбедноста на Азија. Гејтс ја поздрави одлуката на Јапонија за прераспоредување на воените ресурси од северната граница со Русија во југозападните острови кои се во близина на Кина.

Тој рече дека без шестдецениската американско-јапонска безбедносна коалиција, Кина, како што рече, „можеби поагресивно би се однесувала спрема своите соседи“.

Растечкиот воен капацитет на Кина предизвика загриженост кај некои од нејзините соседи, особено меѓу оние кои имаат територијални спорови со Кина, како на пример, Јапонија и неколку југоисточно- азиски нации.

Ѕунео Акаха е директор на Центарот за источно-азиски истражувања при институтот Монтереј за меѓународни студии во Калифорнија. Тој рече дека промените во јапонската безбедносна слика отвара повеќе прашања:

„Првично, поради проширувањето на кинеската армиска моќ, особено морнаричките капацитети долж крајбрежјето, како и неодамнешното распоредување на нов носач на авиони, невидливи борбени авиони, како и кинеските планови за распоредување и изградба на повеќе подморници кои ќе им овозможат на Кинезите да се заштитат од поголеми дистанци“, вели тој.

Напнатоста меѓу Токио и Пекинг се зголеми во септември кога кинески риболовец се судри со јапонски патролен брод во близина на проблематичните острови Сенкаку и Диаоју.

САД велат дека имаат национален интерес за непречена слобода на движење во меѓународните води. Акаха вели дека Вашингтон има формирано сојузништво со помалите држави во југоисточна Азија со цел да помогнат да се заузда кинеската самоувереност:

„Тоа им дава поголем политички поттик и стратешка рационалност за вклучување на југоисточни нации на страната на САД, со што ќе се зголеми јапонската самодоверба дека се` додека САД се присутни, меѓународното пловење ќе остане непречено“, вели тој.

Ма Жеганг е претседавач со кинеската агенција за контрола на оружјето. Тој вели дека Кина не сака конфликт со САД.

Меѓутоа ако САД на Кина гледа како на ривал, и ги предизвикува кинескиот интереси за хармонија, тогаш е возможно односите да се напнати меѓу двете страни.Тој рече дека Кина не го сака тоа. Од соработката на безбедносни прашања, корист може да имаат и САД и Кина, додава Жеганг.

Сајмон Тај, претседавач со сингапурскиот Институт за меѓународни прашања, вели дека азиските држави имаат измешани чувства за Кина, кои се компликувани поради новата економска реалност:

„На Кина гледаме со надеж за економски прашања, но загрижени сме и за политички и безбедносни прашања. Кон Америка гледаме со надеж дека ќе обезбеди мир и стабилност, кои се основа на нашиот растеж и просперитет.“

Како и САД, и азиските нации имаа зголемени врски со кинеската економија. Тоа создава дилема како да се справат со растечката воена моќ на еден од најголемите трговски партнери.

За Јапонија, Акаха од институтот Монтереј рече дека поагресивен став против Кина може негативно да се одрази врз многу јапонски компании кои имаат фабрики во таа земја. Во септември, откако Токио го уапси капетанот на рибарскиот брод кој се судри со јапонскиот патролен чамец, кинеските рударски компании го запреа извозот на ретки минерали во Јапонија. Ретките минерали се основна компонента за јапонските производители на електронска опрема.

Безбедносни аналитичари ја подвлекоа важноста од продолжување на дијалогот и воената размена со Кина со цел да се избегнат погрешните толкувања и да се намалат напнатостите.

Посетата на секретарот за одбрана Роберт Гејтс на Пекинг минатата недела беше дел од напорите за реизградба на односите.

Сепак, кинеската армија треба допрва да се согласи на неговите сугестии дека двете земји треба да основаат регуларен стратешки дијалог за безбедносни прашања.

XS
SM
MD
LG