Линкови за пристапност

САД не знаеле за кревањето на тајванското знаме во вашингтонска резиденција


Американскиот Стејт департмент вели дека официјалната политика за „една Кина“ не е променета

Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки изјави дека американската влада не знаела за настанот што инволвирал церемонија на кревањето на знамето на Тајван на резиденција во Твин Оукс во Вашингтон, која служи како главна канцеларија за врски на оваа земја во САД.

„Немавме однапред информација за церемонијата со кревање на знамето на 1-ви јануари на имотот на резиденцијата во Твин Оукс. Церемонијата не е конзистентна со американската политика. Целлосно стоиме зад политиката на САД за една-Кина, базирана врз трите коминикеа со Актот за односите со Тајван од 1979-та. Ниеден американски владин службеник не присуствувал на настанот во било кое својство“, изјави Џен Псаки.

Претходно, Кина ја осуди церемонијата. Таа го повика Вашингтон да ја почитува востановената политика и се заложи со прашањето на Тајван да се постапува „внимателно и умесно“.

Мандаринскара редакција на Гласот на Америка јави дека церемонијата на кревање на знамето се одржала за прв пат во 36 години, откако потпишано коминикето меѓу САД и Кина во 1979. Тој документ дипломатски го призна Пекинг, а не Тајпеј, признавајќи ја Народна Република Кина за единствена легална влада на Кина, притоа признавајќи го Тајван како дел од Кина.

Извештајот вели дека дека на настанот присуствувале повеќе од 100 учесници, вклучувајќи и униформирани армиски лица од Тајван, како и главниот претставник на Тајван во САД Шен Луи-шун, кој рекол дека церемонијата била возможна само со поддршка од американската влада.

Професорот за азиски студии и експерт за Тајван Вилијам Шарп од Хавајско-пацифичкиот универзитет, вели дека Кина реагирала преемотивно за инцидентот.

Тој додаде дека американско-тајванските односи забележале подобрување под палката на тајванскиот претседател Ма Јинг-јео, делумно поради намалувањето на напнатоста со Кина долж 180-километарскиот Тајвански Теснец.

XS
SM
MD
LG