Линкови за пристапност

Рикер: Повеќе од 5.000 лица во Македонија живеат од рециклирање


Рикер: Повеќе од 5.000 лица во Македонија живеат од рециклирање
Рикер: Повеќе од 5.000 лица во Македонија живеат од рециклирање

Рикер истакна дека ефектите што оваа индустрија ги има врз животната средина и економијата во Mакедонија се големи

САД инвестираа 1,3 милиони долари во поддршката за рециклирање на пластични шишиња во Република Македонија, дадоа поддршка на големите инвеститори за отварање на фабрики за рециклирање, но и ги помогнаа помалите бизниси во проширувањето и исполнувањето на законските и еколошки стандарди, порача амбасадорот на САД Филип Рикер на отварањето на ГЛОУБ-конференцијата на која учествуваат 40-тина научници и професори од 23 земји од Европа и Евроазија.

Рикер истакна дека ефектите што оваа индустрија ги има врз животната средина и економијата во Mакедонија се големи.

„Како резултат на нашиот Проект за рециклирање на пластика, инициран во 2005 година, количината на пластични шишиња кои се рециклираат порасна значително, а со тоа се прочистија јавните простори како што се парковите и реките. Подршката на САД за индустријата за рециклирање создаде економска можност за стотици, ако не и илјадници, неформални собирачи на пластика“, рече Рикер, според кого над 5.000 лица заработуваат за живот преку собирање на пластични шишиња и преку учествување во активностите за рециклирање.

Животната средина и образованието имаат клучно значење за иднината на нашиот свет - заштитата на нашата околина преку учење и едуцирање на младите генерации кои ќе ја наследат и ќе се грижат за неа, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.

„Ниту една национална влада, ниту меѓународна организација не може да обезбеди толкав број на различни мерења во реално време и на толкав број локации како што тоа може да го обезбеди мрежата на ГЛОУБ.

Денес во светот на брзи технолошки, но, уште повеќе, климатски промени, ова е од непроценливо значење и преставува уникатна можност за светските научници да имаат реална слика за состојбите во различни делови на светот, а со тоа полесно да ги предвидат и да ги проектираат можните текови на развојот и неопходните чекори и мерки за приспособување на човештвото што ќе овозможи опстанок на нашата планета“, рече Јакупи.

Според министерот за образование и наука Никола Тодоров, една од основните цели на деветгодишното основно образование е развивање на свеста и грижата кај учениците за сопственото здравје и значењето за здравата околина.

„Содржините кои се однесуваат на унапредување и заштита на животната средина се обработуваат преку наставните програми во задолжителните предмети, но, исто така, секогаш им се дава простор на училиштата да планираат и реализираат истражувачки проекти од областа на екологијата“, рече Тодоров.

Македонија е регионален лидер за рециклирање, надминувајќи ги нормите на ЕУ поставени како стандард за рециклирање на пластика, беше истакнато на отварањето на ГЛОУБ-конференцијата.

XS
SM
MD
LG