Во судир на два брода во Сингапурскиот Теснец според проценките се излеале 2.000 тони нафта, соопштија сингапурските власти.
Во инцидентот немало повредени.
Поморската и пристанишна управа на Сингапур вели дека танкер, регистриран во Малезија, бил оштетен при судирот со товарен брод, регистриран во Сент Винсент и Гренадините.
Во тек е акција за собирање на нафтата и чистење.