Линкови за пристапност

Конгресот се враќа по изборниот потрес


Конгресот се враќа по изборниот потрес
Конгресот се враќа по изборниот потрес

Едно од првите контроверзни прашања, според експертите, најверојатно ќе бидат даночните скратувања воведени за време на претседателствувањето на Џорџ Буш, чиј рок истекува годинава.

Американскиот Конгрес ја започна сесијата по конгресните избори која важи за последна шанса законодавците кои не беа реизбрани или не се кандидираа за друг мандат, да направат политички промени. Новиот состав на Конгресот ќе започне со работа во јануари наредната година, со не толку големо мнозинство на Демократската партија во Сенатот и ново републиканско мнозинство во Претставничкиот дом.

Лидерот на сенатското мнозинство, демократот од Невада, Хари Рид, вели дека Конгресот се соочува со нова реалност.

„Американските гласачи ни испратија порака пред две недели, а ние треба да ја реализираме. Тие сакаат да соработуваме. Гласачите не избираат само републиканци или само демократи. Тие не сакаат која и да е партија да владее тврдоглаво туркајќи ги само сопствените ставови. Кога ќе стивне атмосферата, избирачите ќе бидат позаинтересирани работата да биде завршена, а ние да соработуваме, не да се надмудруваме“, изјави Рид.

Лидерот на сенатското малцинство, републиканецот Мич Меконел, вели дека гласачите ставиле јасно на знаење дека не сакаат да слушаат за можни промени на политичката сцена, тие сакаат вистински промени.

Сенаторот од Кентаки во понеделникот соопшти прекин на праксата во Вашингтон да се додаваат трошоци во буџетот за да се финансираат локални проекти, како услов за давање на гласот.

Аналитичарите велат дека ова е благодарение на новото влијание на таканаречените „Ти-парти“ републиканци – конзервативци и либерали кои повикуваат на даночни скратувања и строги ограничувања на владините трошоци.

Конгресот се` уште ја нема усвоено мерката за авторизација на финансирање на федералната влада за актуелната фискална година, а тоа треба да го стори до 3-ти декември за да се обезбеди непречено функционирање на владините програми.

Едно од првите контроверзни прашања за дебата, според експертите, најверојатно ќе бидат даночните скратувања воведени за време на претседателствувањето на Џорџ Буш, чиј рок истекува годинава. Деморкатите, вклучувајќи го и претседателот Барак Обама, рекоа дека поддржуваат продолжување на даночните скратувања за Американците од средната класа, но дека даноците за побогатите не треба да ја уживаат таа привилегија.

Што се однесува до надворешната политика, претседателот Обама верува дека Сенатот ќе го усвои новиот договор за нуклеарно оружје со Русија зашто мерката има силна двопартиска поддршка.

XS
SM
MD
LG