Линкови за пристапност

Одржување на вода за бебиња – обука што се` повеќе родители ја прифаќаат


Одржување на вода за бебиња – обука што се` повеќе родители ја прифаќаат
Одржување на вода за бебиња – обука што се` повеќе родители ја прифаќаат

Mетодот за пливање на бебиња во моментов се предава во многу градови во САД и во 10 земји во светот

Давењето е голема причина за несреќни смртни случаи во светот. Тоа е причина број еден за смртноста за американските деца на возраст меѓу една и три години и во глобални рамки за смртност на децата под четиригодишна возраст. Еми Дејвис го почувствувала тој ужас кога нејзиниот двегодишен син Тревор се удавил во базен во соседството. Таа оттогаш се ангажирала во организација која обучува на техники за преживување во вода.

Фин Кембел има само 13 месеци, но уште вториот ден откако беше запишана во програмата за пливање за бебиња станала „експерт“.

Фин е едно од илјадниците бебиња и мали деца кои учат како да плутаат на вода. Звучи едноставно, но Мелоди Калавеј од организацијата „Ресурси за пливање на бебиња“, вели дека плутањето не е инстинктивно, туку е вештина што се учи.

„Се учи преку допир, значи се работи за моторна вештина. Ги тренираме малите како да се свртат на грб и да плутаат на површината на водата. Потоа тие деца, на возраст од една до шест години учат како да пливаат, за да бидат безбедни во водна средина“, вели Калавеј.

Бебињата и малите деца ги учат вештините за преживување со сесии еден-на-еден, пет дена во неделата, по десет минути. Родителите мора да се обврзат детето да ги посетува часовите најмалку еден месец.

Двегодишниот Тревор Дејвис денес можеби ќе бил жив доколку го знаел овој метод. Неговата мајка, Еми Дејвис вели дека нејзиното љубопитно момче полно со енергија паднало во водата на базенот на соседите барајќи ги своите очила за сонце. Дејвис вели дека вината за испуштањето од вид на детето ќе ја прогонува доживотно. За ублажување на болката, таа и сопругот, заедно со пријатели и членови на семејството собрале средства за да ја основаат програмата во околината на Вашинтон. Во моментов спонзорираат шестмина инструктори и обезбедуваат финансиска помош за одредени семејства кои не можат да си дозволат да платат за вакви часови.

Нивниот метод за пливање на бебиња во моментов се предава во многу градови во САД и во 10 земји во светот.

XS
SM
MD
LG