Линкови за пристапност

Божиќ - Денот на Рудолф и на песната за него


Божиќ - Денот на Рудолф и на песната за него
Божиќ - Денот на Рудолф и на песната за него

Приказната за еленот Рудолф е претворена во музичка нумера во 1949-та, популарна до ден денес

За милиони американски деца, вечерта на 24-ти декември, спроти Божиќ, е највозбудливата вечер во годината. Тогаш родителите, дури и оние вообичаено попустливи, инсистираат децата да одат во кревет порано, за Дедо Мраз да може да им ги донесе подароците. Сите знаат дека тој со својата санка, влечена од осум елени, се спушта од покривот на домовите и ги остава толку посакуваните подароци.

Или, нека бидат девет елени, како што вели втората најпродавана божиќна песна, после „Бел Божиќ“, „Рудолф – еленот со црвен нос“. Песната опишува како паѓа ужасна магла на Северниот пол каде што се наоѓа работилницата на Дедо Мраз, додека тој и неговата група елени се подготвуваат да заминат во мисија со вреќа полна со играчки. Тие се заглавени, мокри и – на земја, што значи дека утрото на Божиќ нема да биде весело за децата од цел свет. Очаен, Дедо Мраз се обраќа на еден од своите елени кој бил исмејуван заради неговиот смешно сјаен, црвен нос.

Токму тој елен, заради забележливиот, светлечки нос, Дедо Мраз го замолува да ја предводи неговата санка низ невремето.

Приказната за Рудолф била креирана во 1939-та година за боенка, од страна на вработен во голема продавница во Чикаго, кој и самиот некогаш носел „етикета“ на – чуден изрод.

Сосема случајно негов роднина бил познат текстописец. Приказната ја претворил во песна, а во 1949-та побарал неа да ја отпее популарниот Џин Отри. Отри пеел само кантри-балади и на почетокот се противел. Но неговата сопруга го убедила да ја прифати понудата. Напорот се исплател и семејството Отри на неа заработило илјадници долари. До ден денес, 61 година подоцна, токму верзијата на „Рудолф – еленот со црвен нос“ на Џин Отри постојано се врти по радио-станиците за време на Божиќ.

XS
SM
MD
LG