Линкови за пристапност

Продолжува контроверзата со палење на Коранот


Пасторот условува со средба со имамот кој планира изградба на исламски центар и џамија близу „граунд зиро“.

Американскиот претседател Барак Обама смета дека владата била „обврзана“ да му предочи на пасторот на мала црква од Флорида дека планот да запали копии на Куранот би ги загрозило американските сили во странство.

На петочната прес-конференција, Обама ги отфрли сугестиите дека владата го кренала случајот на поголемо ниво од потребното со тоа што стапила во контакт со Тери Џонс, пасторот на 50-члена евангелистичка црковна заедница од Флорида, кој вели дека со палењето сакал да протестира против радикалниот ислам. Според претседателот, било мошне важно властите да му испратат јасна порака дека таквото однесување ги загрозува американските војници и може да биде употребено за регрутирање на нови припадници на Ал-Каида. Владата сериозно го земала случајот поради тоа што можел да предизвика сериозна штета, рече Обама, укажувајќи на немирите што веста ги предизвика во Кабул.

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс телефонски разговараше со Џонс и го повика да се откаже од намерата. Со Џонс разговараа и агенти на Федералното истражно биро – ФБИ.

Џонс сега вели дека веќе не планира да го пали Коранот, но само доколку му биде овозможено да се сретне со имамот Фејсал Абдул Раиф, кој работи на изградба на исламски центар и џамија близу „граунд зиро“ – местото на терористичките напади на 11-ти септември 2001-вата во Њујорк.

XS
SM
MD
LG