Линкови за пристапност

Поскапувањето на бензинот - нов предизвик за Американците


Поскапувањето на бензинот - нов предизвик за Американците
Поскапувањето на бензинот - нов предизвик за Американците

Со над сто долари за барел нафта, бензинот станува значаен елемент во буџетот на американските семејства

Немирите на Блискиот Исток и Северна Африка последниве неколку месеци ја кренаа цената на нафтата на светскиот пазар над сто долари за барел предизвикувајќи скок на цената на бензинот во САД. Ова стави дополнителен притисок во буџетот за транспорт на семејствата и бизнисите.

Да се наполни резервоарот на автомобилот со бензин последниве неколку недели чини многу повеќе за обичниот граѓанин.

Многумина не се среќни заради тоа, особено ако немаат друг избор освен возење до работа или колеџ.

Многумина прават измени во животниот стил, возејќи помалку, ако тоа е опција.

Но голем дел од возачите во САД не креваат голема врева околу тоа. Некои виделе и полошо – како во 2008-та кога нафтата стигна со 147 долари за барел.

Претседателот на Одделот за економија на Рајс универзитетот, Махмуд Ел-Гамал, вели дека не очекува голема разлика во користењето на бензинот во САД и покрај поскапувањето, барем засега.

„Потребно е долго време за менување на навиките кај луѓето“, смета тој.

Проблем е што голем број американски градови се раширени на голема површина и луѓето често избираат да живеат далеку од местото каде работат, а тоа е скапо.

Трендовите на урбанизација почнуваат да се менуваат, но тоа оди многу бавно, вели Ел-Гамал.

А што ја крава цената на нафтата? Ел-Гамал вели секаков вид на пореметување може да влијае на неа.

„САД всушност не увезуваат многу нафта од Блискиот Исток. Најголем дел од нафтата доаѓа од Канада, но сепак, се работи за глобален пазар и побарувачката и понудата влијаат на цената“, вели тој.

Тоа што е загрижувачко, според Ел-Гамал, не е толку Либија, колку што е немирот во Бахраин, што е близу големите трговски транспортни рути за нафтата од Персискиот Залив, зашто пореметување во протекот на нафтата може да има катастрофални последици.

Иако држави како Тексас се` уште произведуваат нафта, домашното производство е далеку помало од побарувачката на САД, каде увозот е две третини од бензинот што САД го користат.

Тоа значи дека цената на овдешните бензиски пумпи одразува работи како што е слабоста на доларот, што се користи во меѓународното одредување на цената на нафтата, и растечката побарувачка за нафта од Кина и Индија. Но немирите на Блискиот Исток имаат најнепосредно влијание, и дури и најмал знак за пореметеност во најбогатиот регион со нафта во светот може да предизвика цената на нафтата во САД брзо да порасне.

XS
SM
MD
LG