Линкови за пристапност

НАСА пронајде нов вид на бактерија


НАСА пронајде нов вид на бактерија
НАСА пронајде нов вид на бактерија

„Бактерија живее во екстремни услови во калифорниското езеро Моно и се однесува чудно“, велат од агенцијата

Впечатокот од фотографијата што американската вселенска агенција НАСА ја претстави на вчерашната прес-конференција, беше дека она што е пронајдено се мали бели компири. Но како што беше соопштено, овие микроби можат да променат се`. Мери Војтек, директорката за астробиологија за НАСА, вели:

„Ова е огромна работа. Перспективно ќе треба да се преработат некои делови од учебници. Ова е големо откритие“.

Но, вистинската ѕвезда на прес-конференцијата беше ГФАЈ-1, бактерија што може да живее со арсен, елемент што вообичаено е отровен. Студијата на НАСА ја предводела Фелишиа Волф-Симон, која работела со тим научници од Универзитетот Аризона.

„За животот за кој знаеме, потребен е јаглерод, водород, азот, кислород, фосфор и сулфур. Исто така, за да живееме потребни се сите шест елементи во критични делови за кои сите знаеме, вклучувајќи ги Де-Ен-Ка (ДНК) и Ер-Ен-Ка (РНК). Откривме организам што може да замени еден елемент со друг во овие големи биомолекули“, истакна Волф-Симон.

Бактеријата ГФАЈ-1 научниците ја пронајдоа во езерото Моно во северна Калифорнија каде има три пати повеќе морска сол и е полно со арсеник. Тимот ја земал бактеријата од дното на езерото, ја одгледувал во лабараториски услови, и притоа бил инкорпориран отровниот арсен, наместо фосфор, за кој претходно се мислеше дека е суштински дел од ДНК и РНК. Волф-Симон вели дека резултатите сугерираат дека е можен живот надвор од Земјата.

Сепак, хемичарот Стивен Бенер од Фондацијата за применета молекуларна еволуција е внимателен. Тој вели дека молекулите од арсен можат да бидат слабо поврзани во услови на стрес.

„Знаеме дека тие се релативно нестабилни и лесно се распаѓаат. Доколку се обидете да ги ставите во молекула на ДНК и под зголемен стрес, се разградуваат“, вели овој научник.

Волф-Симон сепак додава дека на секоја човечка клетка постојат десет микробиолошки клетки. Затоа, вели таа, ова откритие има импликации за тоа како функционираат нашите тела, како дополнение на тоа како функционира планетата Земја.

XS
SM
MD
LG