Линкови за пристапност

Модерниот човек потекнува од јужноафрикански племиња


Модерниот човек потекнува од јужноафрикански племиња
Модерниот човек потекнува од јужноафрикански племиња

Според експертите миграциите во источна Африка пред околу 60 до 70 илјади години придонеле за почетоците на модерното човештво ширум Азија, Европа и Северна и Јужна Америка

Најголемата досега генетска анализа врз изолирано племе заклучува дека припадниците на племето Бушмен во јужниот дел на Африка се предци на модерното човештво.

Студијата на тим научници од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, предводена од генеологот Маркус Фелдман, покажува дека дека миграциите во источна Африка пред околу 60 до 70 илјади години придонеле за почетоците на модерното човештво ширум Азија, Европа и Северна и Јужна Америка.

„Кои биле претците на овие Африканци? Сметам дека со податоци докажавме дека тоа се припадници на племето Бушмен“, вели Фелдман.

Племето е препознатливо по уникатниот јазик и денес брои некаде меѓу 50.000 и 100.000 припадници.

Научниците од Стенфорд собирале примероци од плунка од 95 припадници на племињата Хадза и Сандаве од Танзанија и Комани Бушмен од јужниот дел на Африка. Од нив научниците добиле 650.000 варијации на Де-Ен-Ка.

Генетските варијации биле споредени со Де-Ен-Ка примероците од припадници на племиња во Кенија и Танзанија, како и со група поединци во Тоскана, Италија.

Научниците регистрирале најголеми генетски варијации кај припадниците на племето Бушмен, според Фелдман, кој додава дека со зголемување на бројноста на населението, тие стануваат помалку различни во генетска смисла.

Овој научник смета дека откритието сугерира оти Бушман е изворот на хомо сапиенс појавен пред околу 200.000 години. Тоа ги вклучува племињта во Африка кои мигрирале кон Судан, Етиопија и остатокот од светот.

„Статистичките анализи предлагаат дека ова се најдревните луѓе на планетата и дека остатокот од африканското население потекнува од оваа група“, изјави Фелдман.

Студијата е објавена во журналот „Процедури“ на Националната академија на науки.

XS
SM
MD
LG