Линкови за пристапност

Студија – пораст на бројот на тинејџерите со оштетен слух


Студија – пораст на бројот на тинејџерите со оштетен слух
Студија – пораст на бројот на тинејџерите со оштетен слух

Безбедно ниво за слушање музика е меѓу 80 и 85 децибели, а ниво што може да ви го наруши слухот е 100 децибели.

Ем-Пи-3 плејерите го револуционизираа начинот на кој многумина од нас слушаат музика.

Истражувањата за Ем-Пи-3 плејерите предизвикаа загриженост меѓу лекарите. Д-р Јосеф Шаргородски е отоларинголог.

„За еден на секои пет адолесценти во САД во најмала рака има барем по еден показтел за оштетување на слухот“, вели овој доктор.

Истражувањата посочуваат на Ем-Пи-3 плејерите како причина. Во неодамна објавен извештај беа споредени две студии за состојбата на слухот кај тинејџерите, една од 1988-ма до 1994-та, пред направите да се појават на пазарот, а втората студија од 2005 до 2006 година, откако тие станаа популарни.

„Забележант е пораст од 30 проценти во превалентноста на сите видови оштетувања на слухот и околу 50 проценти во превалентноста на благите или тешки оштетувања“, вели д-р Шаргородски.

Извештајот е објавена во Журналот на Американското медицинско здружение. Друго истражување објавено годинава откри дека тинејџерите не само што имаат тенденција да слушаат погласна музика споредено со возрасните, туку и не се свесни колку гласно слушаат.

Безбедно ниво за слушање музика е меѓу 80 и 85 децибели, а ниво што може да ви го наруши слухот е 100 децибели.

XS
SM
MD
LG