Едно од најчестите прашања на пациентите со рак до лекарите е: дали ракот запрел, или продолжил да се шири? Американски и кинески научници при неодамнешно истражување на генетски материјал од некои канцерогени тумори утврдиле дека кога се присутни високи нивоа на одреден протеин, постои голема веројатност ракот да се прошири за две години.
Изворот на ова откритие беше меѓу населението во Азија, каде хепатитот Б и ракот на црниот дроб се превалентни.
Светската здравствена организација предвидува дека во Азија, ракот на црниот дроб, предизвикан од хепатитот Б, е една од трите главни причини за смрт кај мажите и главна причина кај жените.
Една четвртина од двата милиони луѓе ширум светот заразени со вирусот на хепатит Б, на крајот развиваат рак на црниот дроб и умираат.
Научници од Хонконг проучувале примероци на канцерогени клетки од црниот дроб и откриле дека некои од нив содржеле високо ниво на варијанта на протеинот карбоксипептидаза Е, или ЦПЕ.
Истовремено, научници од Националниот институт за детско здравје и човечки развој во близина на Вашингтон, исто така го проучувале овој протеин и ја откриле истата варијација, сега наречена ЦПЕ – Делта Н.
„Откривме дека канцерогените клетки ја содржат оваа варијација и така почнавме заедно да го проучуваме овој протеин како рак-протеин“, вели Д-р Пенг Ли, невроендокринолог во Националниот институт.
Научниците од Вашингтон инјектирале во глувци примероци од црн дроб од Хонг Конг и потврдиле дека кога е присутен ЦПЕ – Делта Н, постои голема веројатност дека ракот ќе метастазира во рок од две години.
ЦПЕ – Делта Н исто така е идентификуван во ракови на главата и вратот, дебелото црево и дојките. Прелиминарните тестови индицираат дека може да биде присутен и во ракот на тироидната жлезда.
Се` на се`, д-р Ло вели дека можно да го има во 14 видови на рак.
Научниците велат дека откритието може да го промени лекарскиот третман, особено на пациентите кои имаат рак од фаза 1 или 2 и кај кои е регистрирано присуство на ЦПЕ – Делта Н.
„Сметаме дека тие се оние на кои можеме да им помогнеме најповеќе, бидејќи тие се оние на кои досега им се велеше дека ракот најверојатно нема да се врати, па затоа и не беше потребен третман. Доколку кај нив рано го откриеме ракот, ќе спасиме жиботи “, вели д-р Ло.
Студијата е објавена во Журналот за клиничко испитување.