Линкови за пристапност

Американец заглавен во Каиро бидејќи се нашол на терористичка листа


Американец заглавен во Каиро бидејќи се нашол на терористичка листа
Американец заглавен во Каиро бидејќи се нашол на терористичка листа

Еф-Би-Ај соопшти дека нема да коментира дали некое лице навистина се наоѓа на листата.

Американец тврди дека е заглавен во Каиро веќе шест недели бидејќи неговото име се наоѓа на американската листа за забрана за летање.

Јаја Вехелие, кој израснал во предградие на Вашингтон, во сојузната држава Вирџинија, вели дека заминал во Јемен пред 18 месеци за да студира и да најде невеста. 26-годишниот муслиман наведува дека на патот назад, египетските власти во Каиро одбиле да го пуштат на авион за Њујорк, како дека потоа бил испрашуван од Федералното истражно биро, но порекнува каква и да е поврзаност со терористички организации.

Еф-Би-Ај соопшти дека нема да коментира дали некое лице навистина се наоѓа на листата.

Според Вехелие, и неговиот 19-годишен брат, Јусуф, кој патувал со него, бил испрашуван од американските власти, но потоа му било дозволено да замине дома.

XS
SM
MD
LG