Линкови за пристапност

САД и ЕУ блиску до договор за споделување финансиски информации


САД проверуваат одредени европските финансиски податоци, уште од терористичките напади во 2001-та.

Виш американски претставник вели дека е убеден дека САД ќе постигнат договор за пристап до финансиски податоци н ЕУ за потребите на терористички истраги.

Американскиот генерален правобранител Ерик Холдер неделава во Шпанија се сретна со претставници на Унијата. На прес-конференцијата во петокот тој рече дека договорот може да биде постигнат набрзо, иако престои разработка на деталите.

Европскиот парламент во февруари го отфрли претходниот договор за пристап до податоците, откако земјите членки се пожалија дека тој не успеал да обезбеди гаранција за граѓанските слободи и основните права.

САД проверуваат одредени европските финансиски податоци, уште од терористичките напади во 2001-та.

Но, организацијата задолжена за оваа процедура планира да префрли некои од базите податоци од САД во Европа и без постоење на нов договор, американските истражители ќе можат само да собираат информации за американските граѓани според законите што важат во ЕУ.

XS
SM
MD
LG