Американскиот спејс-шатл Дискавери во понеделникот беше лансиран од вселенскиот центар Кенеди на Флорида, пренесувајќи шестмина американски и еден јапонски астронаут до Меѓународната вселенска станица.
НАСА соопшти дека процесот на полетување минал според очекувањата.
Доколку се` се одвива по планот, Дискавери се очекува да пристигне на станицата во среда. Екипажот на шатлот ќе донесе резервни делови и научни експерименти на орбитирачката лабораторија.
Мисијата е карактеристична што истовремено на Меѓународната вселенска станица ќе се наоѓаат четири жени-астронаути истовремено, три како дел од екипажот на спејс шатлот, а четвртата е веќе во станицата.