Линкови за пристапност

Кои се приоритетите на новиот состав на Конгресот?


Кои се приоритетите на новиот состав на Конгресот?
Кои се приоритетите на новиот состав на Конгресот?

Експертите велат дека најверојатно ќе има скратување на буџетот за одредени програми за помош во странство и хуманитарни програми

Кога на 111-от по ред состав на Конгресот за неколку дена ќе му истече мандатот, зад него ќе останат многу негибнати меѓународни иницијативи. Меѓу нив се неколку конвенции на ОН: Елиминацијата на сите форми на дискриминација против жените, Правата на децата и Законската рамка за морските површини.

Аналитичарот Брет Шефер од Фондацијата Херитиџ во Вашингтон не верува дека тие ќе се најдат на дневен ред на новиот, поконзервативен сотав на Конгресот.

„Шансата Сенатот да даде совет и согласност неопходни за ратификација на тие договори беше мошне голема во досегашниот состав на Сенатот каде имаше 60 демократи и значителен број на умерени републиканци. Но, некои од тие републиканци беа заменети, а бројот на републиканците воопшто во Сенатот нарасна, со што се намали можноста за ратификација на договорите во наредните две години“, вели Шефер.

Во Сенатот што брои 100 членови, потребни се 67 гласови за ратификација на одреден договор. Но, оваа бројка беше тешко да се постигне, дури и со големото мнозинство на Демократската партија за време на првите две години од владењето на претседателот Барак Обама. Нештата дополнително се усложнија во ноември, кога Републиканската партија доби мнозинство во Претставничкиот дом, а за контрола во Сенатот и` недостасуваат четири места.

Од договорите што чекаат на акција на новиот состав на Конгресот, најпознат е Новиот стратешки договор со Русија за намалување на оружјето. Според весникот Њујорк тајмс, доколку по прашањето се гласаше денес, на претседателот Барак Обама би му била потребна помош од најмалку деветмина републиканци. Кога новиот состав на Конгресот ќе се состане на почетокот на наредната година, ќе му бидат потребни најмалку 14 гласови.

Еден од договорите кои најверојатно ќе добие мала или дури никаква поддршка е Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.

Експертите предочуваат дека многумина конзервативци се загрижени и за тоа дека мултилатералните напори можат да го ограничат процесот на донесување одлуки од страна на САД, како и економскиот развој.

И покрај разликите околу мултилатералните договори и конвенции, аналитичарите велат дека сепак е можно да се најде заеднички јазик меѓу владата на Обама и новиот, поконзервативен Конгрес.

Ден Ајкенсон, помошник-директор на студиите за трговска политика во Институтот Като од Вашингтон, мисли дека е можен компромис околу трговските договори со Колумбија, Панама и Јужна Кореја.

„Шансите за трговија сега се многу подобри, кога контролата во Конгресот ја имаат републиканците. Се работи на уште еден договор со Обама – тоа е Транспацифичкото партнерство, во кое првично беа вклучени Брунеи, Нов Зеланд, Чиле и Сингапур. Сега во него се и САД, Виетнам, Перу и Малезија. Ова е следната голема надеж кога станува збор за трговските договори“, вели Ајкенсон.

Сара Џејн Статс, директор за политички од Центарот за глобален развој во Вашингтон предвидува дека новиот Претставнички дом ќе биде наклонет да поддржува новите трговски договори. Таа најавува и продолжителна соработка по прашања за надворешната политика, вклучувајќи два приоритета на администрацијата – Глобалната здравствена иницијатива за борбата против маларијата, ХИВ-вирусот и занемарените болести, како и иницијативата Храна за иднината, вредна 3,5 милијарди долари за поттикнување на производството на малите земјоделски бизниси и земјоделските индустрии во земјите во развој.

Експертите велат дека најверојатно ќе има скратување на буџетот за одредени програми за помош во странство и хуманитарни програми.

Сара Џејн Статс од Центарот за глобален развој сепак се надева дека буцетскиот притисок ќе доведе до реформи на стратегиите за меѓународен равој, што би значело подобро искорисутување на трговијата за поддршка на економскиот развој.

XS
SM
MD
LG