Линкови за пристапност

Што значи паѓањето на Берлинскиот ѕид за светот денес?


Настанот пред 25 години имаше големи геополитички последици

Повеќето аналитичари и историчари се согласни дека поранешниот советски лидер Михаил Горбачев одиграл важна улога во настаните што претходеа на уривање на Берлинскиот ѕид, но и потоа.

Роберт Легволд од Универзитетот Колумбија вели дека клучен фактор била одлуката на Горбачев да не користи сила да ги задуши реформистичките аспирации во Источна Европа.

„Тој се` појасно ставаше на знаење на Источноевропејците дека Советскиот сојуз нема да го прави тоа што го правел многу пати во историјата, 1953 во Берлин, 1956 во Унгарија, и Полска, 1968 во Чешката Република и така натаму“, кажа Легволд.

Во јули, 1989-та, таканаречена „доктрина Брежњев“ беше заменета со онаа што советник на Горбачев ја опиша како „доктрината Синатра“, според песната од легендарниот Синатра „На мој начин“. Со други зборови, советникот вели дека источноевропските држави сега можат да одат во кој правец сакаат, политички и економски.

На почетокот од октомври, Горбачев ја одбележа 40-годишнината од Источна Германија со присуството на свеченост во источен Берлин.

Серж Шмеман, поранешен дописник од Москва и од Бон за Њујорк тајмс, се навраќа на тоа време:

„Горбачев јасно му стави до знаење на Ерих Хонекер, лидерот на Источна Германија, дека нема да го поддржи и таа порака не беше само симболична“, се присетува Шмеман.

Неколку недели подоцна, Хонекер беше минато. Еден месец по посетата на Горбачев, беше урнат Берлинскиот ѕид.

Роберт Легволд вели дека Падот на Берлинскиот ѕид го забрза распаѓањето на Комунистичката партија низ Источна Европа. Тоа започна во Полска во јуни со огромна победа на движењето Солидарност.

По Полска, следеа Источна Германија, Чехословачка, Унгарија, потоа Бугарија и Романија.“

Легволд и другите се присетуваат дека Падот на Берлинскиот ѕид го означи крајот на Студената војна.

„Институционалната основа за Студената војна, која беше фокусирана на Европа, исчезна зашто Варшавскиот пакт, како спротивставена сила на воената алијанса НАТО, веќе го немаше. Тоа значеше дека советската моќ, армиската моќ, во Источна Европа и на границата со Западна Германија во Источна Германија, сега ќе биде повлечена назад. Така од институционалните и концептуални причини, тоа значеше крај на Студената војна“.

Серж Шмеман вели дека падот на Берлинскиот ѕид имаше големо значење врз американско-руските односи.

„Ја измени картата на светот. И нашата психологија. Порано беше – ние и тие, добрите и лошите. Губењето на тоа креираше нешто за кое не знаевме што е.“

Британскиот историчар Фредерик Тејлор вели дека падот на Берлинскиот ѕид имал негативно психолошко влијание врз Русија, особено меѓу елитата. Како пример го наведе рускиот претседател Владимир Путин.

„Путин беше агент на КГБ во Дрезден, Источна Германија, и кога падна Ѕидот, беше познат во градот. За неколку недели го загуби влијанието и се врати во Русија. За личности како него, тоа беше омаловажување и загуба“, вели Тејлор.

Овој аналитичар вели дека Падот на ѕидот имаше уште една неочекувана последица:

„Крајот на Студената војна овозможи сите чудовишта, како исламските терористи и други анималии да излезат на површина. Денес, се` уште се соочуваме со тие проблеми. Имаме многу поотворен свет, но на некој начин, тој замрзнат свет, контролиран строго од два блока на моќ, беше, ане бевте точна на линијата на прекршување, мошне безбедно место за живеење. Сега, се може да се случи“.

И, историчарот Фредерик Тејлор, вели, обично се случува.

XS
SM
MD
LG