Линкови за пристапност

Нови сознанија за ризикот од загадувањето на воздухот со издувни гасови


Нови сознанија за ризикот од загадувањето на воздухот со издувни гасови
Нови сознанија за ризикот од загадувањето на воздухот со издувни гасови

Медицинската наука, поткрепена со истражување на владината Агенција за заштита на животната средина, најде цврста врска меѓу загадувањето на воздухот и срцевите заболувања.

Лекарите препорачуваат срцевите и белодробни болни да не излегуваат од дома кога времето е мошне топло. Каусалја Пендјал им вели на своите пациенти во Ричмонд, сојузната држава Вирџинија, пред да излезат надвор, да го проверат индексот на квалитетот на воздух – проценка на загадувачите во воздухот што секојдневно ја врши американската влада:

„Да се избегнуваат надворешни активности, особено во попладневните и вечерни часови“, вели таа.

Медицинската наука, поткрепена со истражување на владината Агенција за заштита на животната средина, најде цврста врска меѓу загадувањето на воздухот и срцевите заболувања. Доктор Роберт Брук е специјалист по кардиоваскуларна медицина на Универзитетот во Мичиген:

„Бидејќи кардиоваскуларните заболувања се причина број еден за смрт, не само во развиените земји, туку и ширум светот, загадувањето на воздухот има огромен ефект на морталитетот на глобално ниво“, смета д-р Брук.

Тој вели дека само еден до два часа вдишување на издувни гасови од автомобилите, може да биде кобно. Долгорочните ефекти од загадениот воздух се уште поалармантни:

„По неколку години на изложеност, зголемувањето на ризикот од срцеви напади и мозочни удари се најверојатно пет до десет пати отколку при изложеност од само неколку часа“.

Истражувањето покажа дека најпогодени се постарите, луѓето кои веќе имаат срцеви проблеми, и лица главно од сиромашни квартови, кои живеат до главни автопатишта.

Американското здружение за срцево здравје препорачува намалување на времето минато во густ сообраќај, да се изегнува џогирање во фрекфентни часови, и подобар третман на кардиоваскуларните ризични фактори.

XS
SM
MD
LG