Линкови за пристапност

Чекор поблиску до вакцина против СИДА


Научниците докажале дека два гена ја контролираат болеста.

Речиси едно на секои 200 лица заразени со вирусот ХИВ, се таканаречени елитни контролори, односно ХИВ-позитивни луѓе кај кои болеста не се развива, дури и без лекови, и таа состојба трае многу децении по заразувањето.

Научниците идентификувале заштитен механизам произведен од генот наречен ХЛА-Б57 што е најден кај елитните контролори.

Генот произведува голем број „Т“ клетки, од типот на бели крвни зрнца што се борат против инфекции, прикачувајќи се на клетки зафатени од вирусот ХИВ, меѓу кои има и мутирани копии на вирусот.

Еднаш активирани, „Т“-клетките работат и на останатиот дел на телото и секаде каде има клетки инфицирани со ХИВ, ги убиваат.

Во претходните истражувања, научниците идентификуваа друг ген во елитните контролори наречен ХЛА-Б27. Присуството на кој и да е од гените се чини дека го стопира ширењето на СИДА-та кај луѓето веќе заразени со ХИВ-вирусот.

Хемичарот Аруп Чакраборти од Институтот за технологија Масачусетс, направил комјутерски модел на развојот на клетката „Т“, преку тимусот, орган зад градниот кош што им налага на имунолошките клетки да ги препознаат инфекциите.

Студијата врз речиси 2.000 пациенти заразени со ХИВ, со или без овие гени, потврдила дека оние кои имаат недостиг на гените, немаат отпорност на имунолошкиот систем и кај нив СИДА-та се проширила мошне брзо.

Брус Вокер, научник од Универзитот Харвард и ко-автор на студијата, вели дека проблемот да се изработи вакцина е што ХИВ-вирусот е како мета во движење, вирусот мутира брзо штом некој ќе се зарази од него.

Д-р Вокер сепак додава дека фактот што сега се знае дека гените ХЛА-Б57 и ХЛА-Б27 го контролираат вирусот, дури и покрај мутирањето, може вакцината за СИДА да ја направи реалност.

Тој вели дека за тоа ќе биде потребна барем една деценија.

XS
SM
MD
LG