„Прекршувањето на Уставот и законот директно од власта е констатирано во заклучоците на Работната група за настаните од 24 декември, со што е отворен просторот виновниците да одговараат кога-тогаш пред лицето на правдата за стореното дело“, изјави денес на симболичниот собир пред Собранието, опозицискиот лидер Зоран Заев, по повод годишнината од „црниот понеделник“ во 2012-тата, кога пратениците на опозицијата и новинарите беа физички исфрлени од парламентарната седница на која се носеше новиот буџет од припадниците на службите за обезбедување, а пред парламентот, специјални полициски сили го спречуваа дирекнтиот судир на демонстрантите од опозицијата и организирано доведените поддржувачи на власта од внатрешноста.
Додека параламентот го штитеа бројни сили на специјалната полиција, Заев излезе со трдење дека денес „системот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е пред колапс“, но дека 24 декември 2012 година не смее да се заборави.
Според него, со доаѓањето на власт, СДСМ ќе ја мотивира и поттикнува слободата на мислата, говорот и делувањето. Првиот социјалдемократ потенцираше и дека нема да се дозволи да се повтори „црниот понеделник“ и дека никогаш повеќе во Македонија нема да се донесе буџет на нелегитимен начин.
„На 24 декември минатата година власта со примена на бруталност и насилство дефинираше режимско владеење, легитимно избраните пратеници од опозицијата беа прегазени на своите работни места, а првпат во историјата на новинарската професија новинарите беа отстранети од собраниската сала“, рече Заев на собирот пред Собранието, кое според него, од храм на демократијата, власта го претворила во срам на државата.
„На 24 декември 2012 година системот на Никола Груевски се обиде да и зададе уште еден, смртоносен удар на демократијата. Да ја убие вистината! Да постои само вождот и неговиот режим. Ниту желбите ќе им се остварат, ниту режимот ќе опстане. Една година потоа, вождот е гол! Се ближи крајот на оваа разулавена власт. Веќе ништо не ги спасува, ниту пендрек, ниту лотарија“, порача Заев.
А во парламентот, опозиционите пратеници со бели маички со зборот Слобода испишан на градите, имаа „едноминутно молчење за погребаната демократија“ и поради „политичкиот геноцид“ и кршењето на Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието, му го свртеа грбот на собранискиот спикер Трајко Велјановски, кој според лидерот на СДСМ, Заев - е извршител на случувањата од минатата година, за кои - „нарачател е Никола Груевски, реализатор - Гордана Јанкуловска, мотиватор - Зоран Ставревски, а соучесници - сите пратеници од мнозинството“.
Вељановски не реагираше, а неговата сопартијка Силвана Бонева, која е и координатор на пратеничката група на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека дека „срамот од 24 декември е врз грбот на опозиционерите“.
„Едноминутно молчење е потребно за срамот што вие - пратениците од опозицијата, го направивте на македонската парламентарна демократија со тоа што ги малтретиравте своите колеги, не` навредувавте, упатувавте пцости и погрдни зборови, не ни дозволувавте да дојдеме на своите работни места, не и’ дозволувавте на претседателката на Законодавно правната комисија Благородна Дулиќ да ја води седницата“, рече Бонева.
„Бевте марионети и игравте во театарот на Бранко Црвенковски. Тој правеше тензии надвор од парламентот, а вие внатре“, рече Бонева.
ВМРО-ДПМНЕ и досега минатогодишните настани ги оценуваше како „обид за државен удар“, а во денешната реакција, изјавата на Заев ја оцени како „трагична, жална и тотално вон реалноста“, потенцирајќи дека актуелниот опозициски лидер, „настапил по налог на поранешниот лидер Бранко Црвенковски... Недостасуваше на крај, Заев уште да каже дека, ако тој и СДСМ дојдат на власт, во Македонија нема да има несреќен човек и просечниот животен век, ако дојде СДСМ на власт, ќе биде 250 години“.
Во Собранието, и координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски побара претседателот Вељаноски да се извини на јавноста и за „кршењето на Уставот, преку незаконското носење на Буџетот и бркањето на новинарите и пратениците, со кои Македонија била ставена на столбот на срамот... Една година потоа, не одговараа ниту нарачателите, ниту извршителите. Затоа не нам, туку на јавноста и должите извинување“, рече Ивановски.
И Здружението на новинарите денес и се обрати на јавноста со став дека се` уште нема правна разврска за случувањата во Собранието од 24 декември минатата година и дека нема ни одговор на претставката која уште пред десет месеци е доставена до Уставниот суд, со прашањето - дали со исфрлањето на новинарите од собраниската галерија е повредено начелото за слобода и право на јавно изразување на мислата?
Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, порача дека ако Уставниот суд не ја разгледа иницијативата на новинарите и не донесе правилна одлука, новинарите ќе ја бараат правдата во Стразбур.
И Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денес потсети дека и по една година од инцидентот во парлементот, никој не понел директна одговорност, и покрај „јасниот и нескриен напад врз новинарството како коректор на власта и чувар на демократијата“.
„Ако на 24 декември новинарите беа насилно исфрлени од Собранието,една година подоцна, можеме да констатираме дека „исфрлањето“ продолжува преку Законот за медиуми што се носи нетранспарентно и по итна постапка. „Исфрлањето“ продолжува со селективното финансирање преку реклами за одредени медиуми, преку отпуштањата на нашите колеги и нивно затворање и судење за напишан текст, како и преку игнорирањето на новинарскиот синдикат и работните права на новинарите. Нашите колеги се повеќе се соочуваат со цензура, автоцензура, со несигурни и неформални вработувања, а властите со ништо не покажуваат дека имаат намера да запрат со нападот врз професијата која е столб на демократијата и чувар на слободата“, смета ССНМ.