„Жителите на Македонија треба да решат како ќе се дефинираат себеси“, изјави денес во Тетово, на Универзитетот на Југоисточна Европа, американскиот амбасадор Пол Волерс, потенцирајќи ги сличностите меѓу Македонија и САД, кои можат да се применат во изразувањето на идентитетот.
„Вие, како жители на Македонија, треба да решите како ќе се дефинирате себеси и врз основа на кои вредности. Не можете да се дефинирате по својата националност која е различна, ниту пак по верата, која истото така се разликува или, пак, по културата која е слична, но не е иста. Мора да го пронајдете тоа што ви е заедничко и треба да има поширока дебата за тоа“, изјави амбасадорот на САД Пол Волерс на предавањето по повод 50-годишнината од убиството на поранешниот претседател на САД Џон Кенеди, одржано на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Според амбасадорот, при донесувањето одлука за дефинирање на идентитетот во Македонија „некои се обидуваат тоа да го направат преку формирање на идентитетот со враќање далеку назад во историјата, но..., тоа е опасен начин за идентитетот, бидејќи некои можеби ќе бидат изоставени. Сметам дека многу луѓе во оваа држава се чуствуваат оставени настрана со таков пристап. Затоа, барањето на заеднички вредности е многу подобро и важно за иднината и според мене, сите треба да учествуваат во таа дебата“.
Волерс потенцирал и дека атентатот врз претседателот Кенеди пред пет децении оставил голем печат врз Американците, и според медиумските извештаи, го изнел и сопственото искуство: „Имав 11 години и учев во основно училиште во еден мал град во Калифорнија кога учителот ни кажа дека претседателот Кенеди бил застрелан во атентат. Овој настан остави голем печат врз нашата национална свест како Американци, бидејќи тогаш сите луѓе од сите раси, вери и национално потекло, на јавните места низ САД, заеднички жалеа за Кенеди. Тоа покажа дека во време на таква криза, Американците без разлика на нивната политичка, верска или национална припадност, имаат повеќе заеднички ододшто различни вредности“ Повторувајќи ја изреката на Кенеди која стана позната маскима низ целиот свет - „Не прашувај што државата може да стори за тебе, туку што ти можеш да сториш за неа“, амбасадорот Волерс, со став - дека во Македонија, граѓаните како да чекаат чекаат од државата, ЕУ, САД или некој друг да им ги реши проблемите.
„Ако чекате државата да ви ги реши сите проблеми, тогаш ќе чекате многу долго време. Ако сакате да ја направите државата посилна и подобра, тоа зависи од вас. Решавањето на вашите проблеми најмногу зависи од вашата работа и одлуки, а не од државата“, изјави амбасадорот Волерс.