Новинарот Томислав Кежаровски и останува во притвор. Со во медиумите оспоруваниот обвинителен акт, тој заедно со уште двајца поранешни судии, еден обвинител, двајца адвокати и уште две лица, пред Основниот суд Скопје 1, е обвинет за наводно одавање на идентитет на заштитен сведок. Сите се третирани како организирана криминална група која одговара и за земање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување и за неовластено оддавање информации.
Гаранцијата во имот за Кежаровски е одбиена поради недоволна вредност, а гаранциите понудени од дел од другите обвинети не беа ни разгледувани.
На денешното второ рочиште, еден од сведоците предложени од Обвинителството за организиран криминал, даде изјава дека ги теретел обвинетите под присила на полициски инспектори. Сведокот Сашко Арсовски, брат на заштитетниот сведок, кој се откажа од тој статус и на судењето за наводното нарачано убиство во селото Ореше самиот призна дека дал лажна изјава, денес ја демантираше дадената изјава во Обвинителството дека е нуден поткуп на обвинетиот судија и потенцираше дека потпишал изјава составена според полициски инструкции.
„Целото семејство ни беше загрозено“, изјави сведокот Арсовски.
Дел од денешните сведоци беа вработените во службите на велешкиот суд кои во своите сведочења посочија дека во судот не се водела службена книга за траекторијата на движењето на судските предмети, а сведокот Звонко Давидовиќ, адвокат во контроверзното судење за убиството во Ореше, беше дециден дека немало притисок за ослободување на обвинетите во тој случај, ниту давање поткуп на службени лица од судот.
По повод контровезниот случај „Ликвидација“ кој предизвика големо интересирање во Македонија и во регионот, премиерот Никола Груевски, според медиумските најави, испратил писмо до претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, во кое ја известува дека Владата посветува особено внимание на доследното почитување на начелото на еднаквост на граѓаните.
„Се надевам дека ќе се согласите со мене дека ниедна професија не смее да биде амнестирана од законот, вклучувајќи ја тука и професијата новинар. Се надевам дека ќе се согласите со мене и дека начелото на поделба на власта не дозволува извршната власт да интервенира и дерогира одредени судски одлуки. Би сакал да Ви укажам дека затворањето на новинари за нивното пишување не е прифатливо, но Кежаровски не е притворен заради неговото пишување, туку затоа што е обвинет за повреда на Законот за заштита на сведоци“, напишал премирот.
Груевски смета дека е непримерно да се доставува копија од писмото на претседателот на Кривичниот совет на Основниот Суд Скопје 1, зашто и покрај добронамерноста, тоа може да се сфати и како притисок врз судот.
„Од истите причини, би сакал да истакнам дека е непримерно да барате асистенција од мене, како претседател на Владата, да Ви се дозволи да го посетите Кежаровски во притвор. Посетата на притвореници е прецизно регулирана со закон. Владата, како и во сите судски предмети, целосно се држи настрана од предметот на Кежаровски. Ниту Владата побарала да му се изрече мерка притвор, ниту влијаела на надлежните судии во одлучувањето по оваа мерка“, тврди Груевски.
Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ, во своето писмо до Груевски, претходно, по повод четвртото продолжување на притворот на новинарот, потенцираше:
„Ова е единствениот случај во Западен Балкан, каде се држи еден новинар во затвор, во очекување на судски процес. Јас сум загрижена поради неговото апсење и прекумерно долгиот притвор, како и поради негативно влијание врз слободата на медиумите во вашата земја”.
Таа го повторила и ставот на специјалниот известувач на ОН за промоција и заштита на правото на слобода на мислење и изразување, Франк Ла Ру:
„Прекумерни мерки како што е неговиот продолжен притвор (на Кежаровски – н.з.) служат само да ги заплашат новинарите и длабоко да ја повредат независноста на медиумите. Демократиите никогаш не може да работат правилно кога критичките гласови се замолчени.“
Но, дека негативните оценки на репрезентативната македонска новинарска асоцијација и на Самостојниот новинарски сидникат на медиумски работници, како и на меѓународните организации, па дури и изразите на загриженост на дел од меѓународните експерти околу новата медиумска регулатива во Македонија, нема да ја поколебаат власта во донесувањето на новите закони, покажува и денешното интервју на министерот Иво Ивановски. Тој за „Утрински весник“ изјави дека негативно ќе одговори и на барањето на „Граѓанската платформа за слобода на изразувањето за повлекување на медиумските закони“.
На новинарско прашање за „глумењето“ конструктивност и јавна расправа, како и за обвинувањата на невладиниот сектор за зголемувањето на контролата над сите медиуми, министерот за информатичко општество и јавна администрација изјави:
„Невладиниот сектор што е директно или индиректно финансиран од Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос се тие што не се согласуваат со содржината на законите. Ним им одговара медиумскиот сектор да биде ваков како што е сега, бидејќи за тоа се финансирани. ...Очекувам наскоро да се изјаснат повеќе организации зад кои стои Сорос, со негативни коментари, повикувајќи се на своите партнери во Македонија, без суштински да го погледнат текстот од законот. ...Во кој било сектор, потребни се фер правила за да може конкуренцијата да го развива тој сектор, а со тоа и економијата. Спротивно од тоа, секторот ќе се доведе во колапс“.