Линкови за пристапност

Светска банка: Историски пад на невработеноста во Македонија


Во Македонија во 2017 година невработеноста го достигна историски најниското ниво од 22,6 отсто, но и тоа е далеку зад европските стандарди

Невработеноста во Македонија, Босна и Херцеговина и Србија забележа најголемо намалување досега. Земјите од Западен Балкан постигнаа значајни резултати на пазарот на трудот помеѓу вториот квартал од 2016 година и вториот квартал од 2017 година. Невработеноста во овој период се намалила за околу 169.000 луѓе, од 18.6 на 16.2 проценти.

Ова го покажува извештајот „Трендови на пазарот на труд во Западен Балкан 2018“ изготвен од страна на Светската банка во соработка со Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Во земјите од Западен Балкан, помеѓу вториот квартал од 2016 година и вториот квартал од 2017 година, се отворени 231.000 нови работни места, а вработувањето се зголеми за 3,9 отсто. 1,9 отсто зголемено вработување е регистрирано во Србија па се до 9,2 отсто во Косово. Најголем дел од растот на вработеноста, околу 60 отсто, се должи на зголемување на самовработувањето.

Анализата покажува дека во просек, регионалните пазари на труд забележале раст на стапките на активност (од 1,2 до 62 проценти) и вработеност (од 2,5 до 51,9 проценти), и намалување на стапките на невработеност (од 2,4 до 16,2 проценти) и младинска невработеност (од 5,3 до 37,6 проценти).

Во извештајот се користени податоци од националните анкети за работната сила со цел да се испитаат клучните индикатори за пазарот на трудот во шест земји од Западен Балкан – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија – во периодот помеѓу вториот квартал од 2016 година и вториот квартал од 2017 година. Анализата врши споредба на земјите од Западен Балкан со избрани земји од ЕУ, односно со Австрија, Бугарија, Хрватска и Унгарија.

Во овој период, во земјите од Западен Балкан се отворени 231.000 нови работни места, а вработувањето се зголеми за 3,9 отсто. 1,9 отсто зголемено вработување е регистрирано во Србија па се до 9,2 отсто во Косово. Најголем дел од растот на вработеноста, околу 60 отсто, се должи на зголемување на самовработувањето.

Но, и покрај севкупниот пораст на вработеноста и намалувањето на невработеноста, клучни предизвици за регионот остануваат: ниската стапка на активност (особено на жените и младите), големиот удел на долгорочната невработеност (близу 80 проценти во некои земји) и високата стапка на неформално вработување (самовработени во нерегистрирани бизниси, работници кои примаат плата без формален писмен договор и неплатени семејни работници).

Невработеноста кај младите опаднала побрзо од севкупната стапка на невработеност, но и натаму е висока во споредба со земјите на ЕУ. Речиси една четвртина од младинската популација не е вработена, не е вклучена во образовниот процес или во обуки, што е пониска стапка од состојбата една година порано, но сепак и таа е висока според меѓународни стандарди. Имено, сите шест земји од Западен Балкан објавија дека голем процент (23,5 отсто во просек) од младинската популација не е вработена, ниту е вклучена во образовниот процест или во обуки за доквалификација.

Подобрувањата на пазарот на трудот на Западен Балкан не беа доволни за да ги обесхрабрат младите, образовани луѓе да продолжат да емигрираат. Со децении, регионот е извозник на мигранти. Приближно една третина од жителите на Западен Балкан живее надвор од регионот.

Во периодот помеѓу вториот квартал од 2016 година и вториот квартал од 2017 година во регионот се креирани околу 231.000 работни места, при што мажите и жените подеднакво учествувале во растот. 60 проценти од вкупниот раст на вработеноста се должат на самовработувањата.

Растот на бројот на работните места беше особено силен во Косово (9,2 отсто) и Србија (4,3 отсто). Вакви резултати се постигнати во областа на градежништвото, здравството и производството (Косово), како и индустријата и услугите (Србија).

Во Црна Гора (3,5 отсто) растот на стапката на вработеност главно произлегува од туризмот и градежништвото, додека во Македонија (2,7 отсто) најголем дел од трговијата, транспортот и производството. Во Босна и Херцеговина, која пријавила најнизок раст на стапката на вработеност (1,9 проценти), главни двигатели се услугите и земјоделството.

За споредба, во земјите во ЕУ, вработувањето порасна помеѓу 1,2 проценти (Австрија) и 4,5 проценти (Бугарија). Највисока стапка на пораст е регистрирана во секторот финансии во Австрија, во производството во Унгарија и трговијата на големо и транспортот во Бугарија и Хрватска.

Но, подобрувањата на пазарот на трудот на Западен Балкан не беа доволни за да ги обесхрабрат младите, образовани луѓе да продолжат да емигрираат. Со децении, регионот е извозник на мигранти. Приближно една третина од жителите на Западен Балкан живее надвор од регионот.

Емиграцијата има клучна улога во ублажувањето на последиците од невработеноста. Дознаките од странство претставуваат важен извор на приходи и ја намалуваат сиромаштијата. Но, дознаките од странство може да придонесат за неактивност на жените и раст на неформалните вработувања.

Релативно големиот јаз во нивоата на приход во споредба со развиените земји, продолжува да биде причина за зголемено ниво на емиграција. Како последица на тоа, емиграцијата од регионот не го губи интензитетот и покажува малку знаци на забавување или намалување.

На долг рок високото ниво на емиграција има потенцијал негативно да влијае врз формирањето на човечкиот капитал, конкурентноста, растот и економската конвергенција.

Нето емиграцијата, особено на висококвалификуваните, може да придонесе за недостиг на квалификувани работници.

Проблем е и тоа што постои разлика помеѓу вештините стекнати во образовниот систем и вештините кои се бараат на пазарот на трудот. Како одговор на овие прашања, креаторите на политиките и едукаторите мора брзо да работат на реформа на образовниот систем.

Раст на вработеноста е регистриран кај сите возрасни групи во земјите од Западен Балкан и ЕУ (освен Австрија), но во креирањето нови работни места доминира популацијата на примарна возраст (25-54 години) и на постара возраст (55-64 години).

Во првата возрасна категорија бројот на вработени во целиот регион се зголемил за 119.000, со најголемо учество на Србија (59.000), Албанија (25.000) и Македонија (18.000). Во втората возрасна група највисоки бројки има Србија (41.000).

Нивото на плати се разликува и во земјите од Западен Балкан, и помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ. Високата концентрација на ниски плати, се чини дека е примарен двигател на нееднаквоста во платите во регионот.

Со исклучок на Косово, невработеноста се намали во целиот регион, во некои земји достигнувајќи најниско ниво досега. Сепак, овие нивоата се далеку повисоки од земјите во ЕУ со кои е правена споредба.

Во Македонија во 2017 година невработеноста го достигна историски најниското ниво од 22,6 отсто.

Долгорочната невработеност остана една од карактеристиките на пазарите на трудот во Западен Балкан. И покрај намалувањето во повеќето земји, стапката на долгорочна невработеност остана висока во целиот регион.

И покрај трендот на опаѓање на долготрајната невработеност, учеството на оние кои биле без работа 12 месеци или подолго, сепак, изнесуваше околу 80 проценти во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Македонија.

Мажите учестуваат со околу 60 проценти во вкупната бројка на вработени во Западен Балкан. На Косово овие бројки се уште повисоки, со учество на 79 проценти од мажите во вкупниот број на вработени. Во Австрија и Бугарија мажите учествуваат во вкупниот број на вработени со 53 проценти, додека во Хрватска и Бугарија со 55 проценти.

Лицата на возраст од 25 до 54 години сочинуваат 74 проценти од вработените во Албанија и Косово, како и 79 проценти во Македонија. Учеството на младите луѓе во вкупната бројка на вработени било највисоко во Косово (12 проценти), а најниско во Србија и Македонија (6 проценти).

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG