Линкови за пристапност

Успешна жена се фокусира на целта, не на поразот


Успешна жена се фокусира на целта, не на поразот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Животни приказни на три жени од Охрид и Струга, по повод 8-ми март

Жените во Македонија се` уште се плашат да зборуваат јавно за проблемите со кои се соочуваат, но радува фактот дека се` повеќе жени се успешни во она што го работат. Ви ја пренесуваме приказната за три успешни жени од Охрид и Струга.

„Да бидеш жена во македонското општество, и да имаш пречки во развојот, значи двапати да бидеш бидеш дискриминирана“, вели Арбреша Влаши, која е вработена во државна институција.

Влаши е млада и успешна жена, која последниве неколку години е дел од тимот на Центарот за развој на југозападниот плански регион во Струга, каде се реализираат проекти наменети за општините од регионот.

Таа вели дека нејзината животна приказна треба да биде мотив за многу други жени.

„Да бидеш успешна жена, без разлика на сопствените пречки, не треба да се фокусираш на тоа кога и колку пати паѓаш во животот, туку како продолжуваш да ја следиш целта која ја имаш поставено“, вели Влаши.

Во Македонија се чини дека полот е пречка за искачување на високи менаџерски позиции. Статистиката покажува дека само 12 отсто од раководителите на приватни бизниси се жени

Наташа Спасевска е една од нив. Таа веќе 10 години е сопственичка на агенција за недвижнини во Охрид.

„Ние бевме единствена агенција во Охрид менаџирана од жена.Тоа нам не ни` беше проблем, туку предност. Со начинот на нашето работење и поставување нови принципи и стандарди, воопшто не заостануваме туку сме чекор напред“, вели Спасевска.

Но, жените во Македонија се` уште се чувствуваат недоволно сигурни да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат.

Ардита Иљази, граѓанска активистка, вели дека се` помалку се цени квалитетот на жената, наспроти партиската припадност.

„Жените кои се успешни, на некој начин, како да се спречени од спротивниот пол да можат да одат напред во нивната кариера. Успешните жени во одредени ситуации се дисквалификувани во процесот на избор“, смета Иљази.

Двете глобални кампањи Me-too и Times up, кои се спроведуваат на светско ниво, се однесуваат на сексуалната злоупотреба на жени од мажи на високи позиции.

Од неодамна и во Македонија жени почнаа да ги споделуваат нивните искуства на социјалните мрежи.

„Јас мислам дека ние сме многу далеку јавно да прифатиме дека жените се злоупотребени на работните места“, вели Влаши, а Иљази додаде:

„Нашето општество не е ниво да може да ги прифати тие јавни кампањи“.

Спасевска нагласува дека борбата на жените во иднина треба да биде насочена кон искоренување на насилството, и постигнување рамноправност на жените и мажите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG