Придружувајќи се на акцијата на Обединетите нации, кои Меѓународниот ден на жената во 2015 година го одбележа со промовирање на кампањата „Планета 50-50 до 2030 година: Чекор кон родова еднаквост“, и макеоднските активистки за човекови права и за правата на жените, реагираа и во пресрет на претстојните измени на Изборниот законик на Република Македионија и на парламрнетарните избори следната година, ја повикаа макеоднската јавност и особено политичките чинители кои ги донесуваат одлуките, да се заложат и да побараат измена на Изборниот законик, што би резултирало кон родово избалансирана структура во Собранието на Република Македонија.
Загрижени поради ниското учество на жената во политичкиот и јавниот живот во Македонија и особено во процесите на донесување на одлук, што е забележано и од повеќе комитети на ОН, активистките бараат баланас во родовата застапеност во политиката. Поточно, наместо досегашната застапеност на жените со 30%, тие бараат згоелмување на процентот, со промена на членот 64 од Изборниот законик, според кој, на секои три места на листата, најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол, и на членот 21 став 3, според кој, во составот на изборните органи секој пол е застапен со најмалку 30%, и бараат исчекор кон родовата еднаквост.
За оваа иницијатива, Наде Качакова, претседателка на Македонската асоцијација за развој и интеграција (Macedonian Association of Development and Integration – MADI), за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави:
„Родовата еднаквост е високо поставена на агендата на Обединетите Нации, а Република Македонија како земја-членка која има ратификувано низа меѓународни договори што промовираат родова еднаквост, има обврски за нејзино гарантирање. На ова повикува и Комитетот за човекови права при ООН, каде што државата поднесува свои извештаи во однос на имплементирање на одредбите од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. Имено, на 3 јули 2015 година, Комитетот го разгледуваше третиот периодичен извештај на Република Македонија за имплементацијата на одредбите од овој меѓународен договор. Според заклучните согледувања на Комитетот, Македонија треба да направи дополнителен напор во заштита на уставно загарантираните граѓански и политички права и во таа насока даде свои препораки за ’дополнително подобрување на учеството на жените во јавниот и политичкиот живот како и во процесите на донесување на одлуки во сите сфери на живеењето и меѓу другото, за воведување специјални привремени мерки’“.
Според Качакова, родовата еднаквост е поставена како специфична цел и во Агендата за остварување на „Милениумските развојни цели“ (Millennium Development Goals), во кои се апелира до владите на земјите-членки на ООН да преземат конкретни чекори за нејзино постигнување.
“Во таа насока, на Меѓународниот ден на жената, оваа година од специјализираната агенција на Обединетите Нации - UN Women, беше лансирана кампања наречена „’Планета 50-50 до 2030 година: Чекор кон родова еднаквост’. Во Скопје, оваа кампања беше обележана со организирање на велосипедска тура од активистките и активистите за родова еднаквост, со што се упати порака за релевантните политички актери за изгласување на нови или зајакнување на постоечките закони, со цел - намалување на насилството врз жените, за охрабрување на жените да земат поголемо учество во процесите на донесување одлуки на сите нивоа, за донесување на национални планови и политики за родова еднаквост, како и за организирање на национални кампањи за промовирање на родовата еднаквост“, изјави Качакова за Гласот на Америка на македонски јазик.
„Имајќи го предвид сето тоа и со оглед дека Македонија се наоѓа пред нови предвремени избори, а со цел да се зголеми учеството на жените во политиката, потребно е да се направат измени во актуелниот Изборен законик, така што, при избор на следните пратеници, претседатели и членови на совети на општините, наместо досегашните 30%, жените да бидат застапени со 50% од вкупниот број на носители на политички функции“, децидна е Качакова.
Според активистките, со истапувањето кон обезбедување на родовата еднаквост, се прави чекор кон создавање на похумано и подемократско општество, во кое човековиот капитал ќе биде подеднакво искористен. Активистките повикуваат и на инвестирање во национални акциони планови за родова еднаквост и на креирање на јавни образовни кампањи за промоција на родова еднаквост.