Линкови за пристапност

Дали е Америка подготвена за природни катастрофи?


Дали е Америка подготвена за природни катастрофи?
Дали е Америка подготвена за природни катастрофи?

Додека Јапонија со справува со последиците на минатонеделниот разорен земјотрес и цунами, ревизијата на подготвеноста на САД да се справат со поголеми несреќи покажува дека има место тој да се подобри

Минаа пет години откако ураганот Катрина го погоди Мексиканскиот залив и ја покажа ранливоста на нацијата да се справи со големи несреќи. Оттогаш, федералната агенција за справување со итни ситуации, ФИМА, го подобри работењето, вели поранешниот главен инспектор во одделот за домашна безбедност Ричард Скинер. Но, во извештајот презентиран во Сенатот се наведуваат области каде има простор за подобрување:

„Имаме направено голем напредок изминатите четири години по Катрина, но ако ме прашање дали сме целосно подготвени како што треба, одговорот е - не“, кажа Скинер.

Тој рече дека ФИМА се движи во вистинска насока во подобрување на капацитетот, но тоа, според неговите зборови го прави „со многу бавно темпо“. Неговите препораки вклучуваат имплементирање на стриктен систем за вреднување на направеното и заштита од преневера, злоупотреба и бескорисно трошење на ресурсите на агенцијата ФИМА.

Претседателот на конгресната комисија за домашна безбедност, сенаторот Џо Либерман, рече дека настаните во Јапонија ја подвлекоа потребата од подобрување на американската подготвеност во случај на природна катастрофа:

„На Јапонија се гледа како на земја со највисоки стандарди во подготовка пред земјотреси, затоа што имаат искуство со вакви катастрофи. Но, последниот земјотрес беше со јачина од девет степени според Рихтеровата скала. Прашуваме, колку е подготвена Америка да се справи со катастрофа како таа низ која во моментов минува Јапонија?“, рече сенаторот Либерман.

Секоја година, Агенцијата за вонредни состојби спроведува вежби во координација со државните и локални официјални лица, што се фокусирани на потенцијални урагани од Атлантикот, пацифичките тајфуни, и земјотреси долж трусното подрачје на сојузни држави од запад и средниот запад на САД.

Лани, администрацијата на Обама ги откажа симулациите за одговор при нуклеарна експлозија во урбани делови поради загриженоста дека ваквите вежби може да ги исплашат туристите од Лас Вегас, Невада, каде требаше да се одржат вежбите.

Првиот човек на ФИМА Крег Фугати рече дека неговата агенција може да ја подобри работата, но тврдеше дека нема големи проблеми. Тој рече дека агенцијата научила од Катрина и акцентот го става на брз одговор при природни катастрофи: „Природните катастрофи не секогаш даваат предупредување. Нашиот одговор при непогода го ставаме на првите 72 часа. Сметаме дека тоа е клучно. Такво искуство имавме со Катрина. Ако веднаш не доставиме помош, во вид на достава на намирниците и потрага по евентуални преживеани, тогаш станува потешко да се промени исходот од катастрофата“.

Фугати вели дека федералната влада не може сама да се справи со секоја потреба што произлегува од несреќата. Затоа неговата агенција ја прошири соработката со локалните власти, приватните организации и заедничките напори на обични граѓани во одговор при евентуални природни катастрофи, особено по големите критики за реагирањето по ураганот Катрина.

XS
SM
MD
LG