Линкови за пристапност

Гладта ги чини сиромашните земји милијарди долари


Гладта ги чини сиромашните земји милијарди долари
Гладта ги чини сиромашните земји милијарди долари

Извештајот на организацијата Акциона помош наведува дека се далеку од Милениумската развојна цел за намалување на бројот на гладни

Џо Вокер, еден од авторите на извештајот на групата Акциона помош за Гласот на Америка вели дека ситуацијата со намалувањето на бројот на гладни во светот е разочарувачка.

Групата осум индустријализирани земји Г-8 во 2000-та постави осум Милениумски развојни цели што треба да се исполнат до 2015 година. Искоренувањето на екстремната глад и сиромаштија е цел број еден.

Вокер наведува дека неуспехот да се исполни зацртаното ги чини сиромапните земји милијарди долари годишно.

„Според конзервативните проценки, заради гладта во спросек се губат околу 450 милијарди долари годишно“, вели Вокер.

Сумата е базирана на долгорочните трошоци заради неухранетост, особено кај децата.

Според извештајот на Акциона помош, некои земји ги сепак ги исполнуваат целите за хрната. На врвот на листата се Бразил, Кина, Гана, Малави и Виетнам. Групата додава дека намалувањето на бројот на гладни се должи на зголеменото инвестирање во малите фарми и планови за социјална помош, како бесплатни оброци во училиштата, на пример.

На дното на листата се неколку африкански земји како Демократската Република Конго, Сиера Леоне, Бурунди, Лесото, како и Пакистан.

Слаб напредок во борбата против гладта е забележан и во Индија. Според експертите, преку половина од децата во оваа земја се неухранети, иако економијата е во подем.

Според извештајот на Акциона помош, 20 од 28 земји имаат мали шанси за исполнување на Милениумските цели за развој во однос на гладта, додавајќи дека 12 земји практично се движат наназад. Во него се вели и дека владите треба да сторат повеќе, а богатите земји да дадат поголема финансиска помош за исполнување на поставените цели.

Наредната недела во Њујорк е закажана средба на светските лидери на која ќе се изврши проценка на напредокот на исполнување на Милениумските цели изминатава деценија.

XS
SM
MD
LG