Линкови за пристапност

Одбележување 17 години од Рамковниот договор


Значење и пораки на годишнината од Рамковниот договор
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00

Пред 17 години Македонија, со потпишувањето на Охридскиот договор, се стави крај на конфликтот што во 2001-та се закануваше земјата да ја внесе во целосна граѓанска војна.

Иако тогаш силно оспоруван, пред се` дома, денес, Рамковниот договор е составен дел на државата и е еден од темелите за нејзин напредок, што во изминатите години меѓународната заедница постојано го повторува.

„Со Охридскиот договор се воспостави основата за соживот“, изјави премиерот Зоран Заев, кој денешниот настап го искористи да прати порака за клучното прашање – Договорот со Грција, за кој за месец и половина граѓаните ќе се произнесат на референдум.

„И како што Охридскиот договор, така и пред нас е ново историско поглавје, Македонија интегрирана во ЕУ. Како што пред 17 години храброста на граѓаните, но и на политичарите ја извлекоа земјата од кризата, така сега и нам ни` се дава шанса за конечно да донесеме одлука за да ја обезбедиме иднината на нашата земја. Знам дека 30-ти септември заедно ќе исчекориме со крената глава“.

И неговиот коалициски партнер, зборувајќи за значењето на Охридскиот договор, прати порака за референдумот:

„Ќе се ангажираме со сите чинители, за да го мобилизираме и информираме секој граѓанин да биде свесен дека на претстојниот референдум всушност ќе се гради иднината. Со таа победа всушност победуваат мирот и стабилноста. И Европа ќе стане посилна со Македонија интегрирана во Унијата”, истакна Али Ахмети.

Според поранешни претставници на американската администрација, неуспех на референдумот би имал сериозни последици за земјата.

„Ако пропадне референдумот, ќе биде на штета на демократијата и владеењето на правото. Македонија и Грција треба да решат што е добро за Македонија, а не Кремљ“, изјави Евелин Фаркас, поранешен заменик-помошник секретар за одбрана на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG