Линкови за пристапност

Анализа за странски инвестиции во Македонија


Анализа за странски инвестиции во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Експерти за Гласот на Америка коментираат по информацијата за претходно потрошените 225 милиони евра државна помош за 25 странски инвестициски компании

„Бројката не е изненадување“ – коментираат економски експерти за „Гласот на Америка“ за 225-те милиони евра државна помош што претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги потрошила за 25 странски компании-инвеститори. „Фајненс тинк“ непрофитна економска истражувачка организација уште во март 2016 излезе со анализа дека странските инвестиции Македонија ја чинат 232 милиони евра што е многу блиску до податоците што владата ги објави. Во таа проценка клучен е факторот – колкав период тие фирми ќе останат во земјава.

„Во таа анализа резултатите покажаа дека на долг рок бенефитите ќе ги надминат овие трошоци и тоа како бенефити од вработување и подобрување на трговскиот биланс, но сето тоа под претпоставка дека компаниите ќе подолжат да работата во период од 15 години. Сепак, не постоењето критериуми за доделување субвенции и без нивно поврзување со конкретен учинок ја намалува ефикасноста на потрошените средства“, изјави Благица Павловски, извршна директорка на „Finance Think”.

Владата обелодени дека во изминатите години економските политики на претходната гарнитура државата ја чинеле во просек 11.000 евра по вработување во странска компанија. Процесот се вршел во затворен круг, без јасни критериуми, но и без јасни правила – која компанија колку ќе добие решавале и министри и советници и економски промотори. На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ тврдејќи дека станува збор за класичен обид за манипулација на јавноста и дека СДСМ нема концепт за странски инвестиции и, како што велат од опозициската партија, никакво познавање на проблематиката ниту регулативата за странските инвестиции. Прмиерот денеска, презентирајќи го планот за економски раст составен од 6 принципи, најави укинување на дискриминаторкиот однос кон домашните фирми.

„Неутралност и недискриминација и еднаков третман за домашни и за странски инвеститори. Обезбедуваме исти услови за инвестирање и работа на претпијатијата и потенцијалните инвеститори. Домашните претпријатија се многу важни, а важни се и квалитетните и реални странски инвестиции“, подвлече премиерот Зоран Заев.

225-те милиони евра потрошени во изминатите 10 години во оваа сфера не се единствените - дополнителни 130 милиони евра од буџетот „отишле“ за привлекување странски инвестиции во минатото.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG