Линкови за пристапност

Се` уште без детали за преговарачкиот процес во Македонија


Се` уште без детали за преговарачкиот процес во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Паралелно со обидите на партиите за постигнување договор за коaлиција, се интензивира дебатата во јавноста за улогата на меѓународната заедница во решавањето на политичката криза.

Партиите не откриваат детали до каде се во процесот на обезбедување парламентарно мнозинство, кое во форма на најмалку 61 пратенички потпис, го побара претседателот Иванов, како услов за да го додели мандатот за формирање влада. Од СДСМ велат дека граѓаните гласале за промени и дека таква влада и ќе добијат.

„СДСМ работи на брзо и ефикасно решение за ефикасно составување на влада. Во моментот кога ќе можеме да ги споделиме информациите ќе и ги кажеме на јавноста. Во Македонија граѓаните гласаа за промени и таква влада ќе добијат. Ѓорѓе Иванов одбра да биде покровител на криминалот на Груевски. Никаде не пишува дека мандаторот треба да достави програма до тој што го дава мандатот, туку до Собранието и пратениците“, изјави Петре Шилегов.

Други елементи – дали има контакти, дали веќе директно се разговара со ДУИ откако Беса и Алијансата за Албанците дадоа начелна поддршка за опозицијата, социјалдемократите не откриваат и повикаа на трпеливост поради чувствителноста на ситуацијата. Од ДУИ - партијата клучна за формирање влада, исто така многу не зборуваат, освен неофицијалните информации дека ја разгледуваат можноста за коалицирање со СДСМ, откако по силен внатрепартиски притсок не успеа намерата на Али Ахмети за соработка со Никола Груевски.

Паралелно со обидите на партиите за постигнување договор за коaлиција, се интензивира дебатата во јавноста за улогата на меѓународната заедница во решавањето на политичката криза. Беса денеска излезе со поддршка за работата на американскиот амбасадор Бејли. „Тој во никој случај не ги пречекорува своите дипломатски овластувања и секогаш беше посветен на унапредувањето на демократијата во земјата“ – велат од Беса.

Десетици интелектуалци и универзитетски професори пратија отворено писмо до американскиот конгрес и до Европската комисија во кое посочуваат дека се против проблематизирањето на стратешката евроатлантска ориентација на Македонија. „Не се согласуваме со нападите и навредите врз дипломатите на земјите-сојузнички на Македонија, членки на НАТО и на ЕУ кои несебично помагаат во нашите реформи на патот кон изградбата на либералната функционална демократија“ – велат потписниците на дописот, кои се збунети од како што велат, брзата реакција на руското МНР кое ги обвини западните држави за мешање во внатрешните работи и дестабилизација на Македонија. Амбасадата на САД, од која Гласот на Америка побара одговор, денеска немаше став за ваквата позиција на Москва. Од македонското МНР пак реагираа на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама кој, меѓу другото, рече дека Македонија не може да постои без Албанците. „Политичарите од соседството кои упорно се обидуваат да го оттргнат вниманието од проблемите дома, со потпалување оган кај соседи одат спротивно на европските вредности“ – соопштија од македонската дипломатија.

XS
SM
MD
LG