Линкови за пристапност

Отпор и дезинформациии за планот за интегрирање на бегалците


Во Собранието на Македонија жестока дебата за стратегијата на владата

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесоа интерпелација за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, поради Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2020.

Затворањето на Западнобалканската бегалска рута резултираше со само 75 регистрирани бегалци во Македонија кон крајот на 2016 година, но поради затворањето на границата, потоа речиси 200 лица останале на територијата на Македонија, сместени во двата транзитни центра на српско-македонската и грчко-македонската граница.

Во Македонија нема да се градат кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока.
Министерство за труд и социјална политика

Предлог-нацртот на стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017- 2027 и Предлог-нацртот на Националниот акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година ја разгоре дискусијата за темата што беше речиси заборавена изминативе шест месеци.

Иако до надлежното Министерство за труд и социјална политика, до денес, кога истекува предвидениот краен рок, не пристигна ниту еден официјален предлог или приговор за документите, социјалните мрежи станаа платформа за реакции против „идејата на новата Влада да ја наполни Македонија со азиланти“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска да присуствуваат на јавна собраниска расправа за Стратегијата и за Националниот план, а пратеникот Влатко Ѓорчев, уште на 22 јули обвини дека Стратегијата овозможува олеснето доделување државјанства, сместување и пристап до образовни институции, и вработување на бегалци и на азиланти за сметка на граѓаните на Македонија.

Пратеникот Ѓорчев ја обвиниа министерката Царовска дека не ги консултирала граѓаните, и ги ставила пред свршен чин.

Градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, порача дека и 500 или 1.000 мигранти, кои би се задржале во неговата општина, само би ги зголемиле проблемите на жителите на Неготино.

И градоначалникот на Дојран, Борче Стамов рече дека неговата е една од најмалите општини во Македонија, со околу 3.000 жители, и секое „населување на бегалци и мигранти ќе значи силно демографско поместување во Општината.“

Против идејата за изградба на сместувачки капацитети за мигранти долж рутата на движење на бегалците и мигрантите, беа и локалните власти во Кавадарци, Прилеп, Битола и Богданци.

Министерството за труд и социјална политика демантира дека во Македонија ќе се граделе станови за бегалци.

„Во Македонија нема да се градат кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока“, стои меѓу другото во соопштението.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG