Линкови за пристапност

ОБСЕ за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер


Организацијата за безбедност и соработка во Европа во анализа објавена денеска предлага подобрување на македонската регулатива за слободен пристап до информации од јавен карактер, меѓу другото и преку проактивно објавување на информации од јавен интерес, со истовремена заштита на приватноста

Со одредени измени треба да се зајакне македонската регулатива за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова го предвидува Правната анализа на предложените измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нарачана од Канцеларијата на ОБСЕ за слобода на медиумите.

Во анализата стои дека предложените измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информации се генерално позитивни од перспектива на пристапот до информации. Тие имаат за цел да го подобрат законот обезбедувајќи негова непречена примена и усогласување со стандардите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди.

Во анализата која ОБСЕ ја објави денеска се посочува дека ваквите промени предвидуваатобезбедување на достапност на информациите за голем број прашања од јавен интерес, достапност на целата листа на иматели на информации онлајн, усогласување на исклучоците во согласност со меѓународните стандарди, зајакнување на проактивните барања за објавување, намалување на временските рамки за одговор од јавните тела, како и утврдување на рок од 15 дена за донесување одлуки од Комисијата, зајакнување на механизмите за известување и дефинирање на нови санкции за неисполнување на роковите или непочитување на одлуките на Комисијата.

Во анализата стои дека предложените измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информации се генерално позитивни од перспектива на пристапот до информации. Тие имаат за цел да го подобрат законот обезбедувајќи негова непречена примена и усогласување со стандардите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди.

Исто така, во анализата се оценува дека од компаративна перспектива законот е силен, така што предложените измени ќе го направи еден од најсилните закони глобално.

Со цел усогласување со меѓународните стандарди, ОБСЕ препорачува на јавните органи да им се наложи проактивно објавување на низа информации од јавен интерес, дури и тогаш кога за тоа нема конкретно барање. Процедурите за пристап до информации треба да бидат едноставни, брзи и ефтини. Заштитата на приватноста треба да биде еден од приоритетите.

Сепак, остануваат некои важни аспекти на законот кои треба да се разрешат. Оттука, во анализата се истакнуваат пет клучни препораки:

1. Да се зајакне дефинирањето на опфатот на Законот за слободен пристап до информации преку јасно наведување дека тој се однесува на тела кои главно работат со јавните фондови.

2. Да се отстранат политичките партии од нацртот бидејќи информациите за јавното финансирање од страна на јавните тела треба да се добиваат во согласност со законот од релевантните јавни тела без дополнителни одредби.

3. Да се спроведе ревизија на исклучоците за да се усогласат со меѓународните стандарди, вклучувајќи ја и Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи.

4. Да се изврши преглед на информациите кои треба да се објават проактивно и да се воспостави протокол со кој ќе се обезбеди објавување на информации што се од јавен интерес, со истовремена заштита на приватноста на поединците. Ова е улога што може да ѝ се даде и на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

5. Да се бара од јавните тела да поднесат извештај до Комисијата за времето потребно да одговорат на барањата, со релевантни детали за времето за потврда, појаснување, одбивање или слично и во законот да се наведат деталите за тоа што треба да биде минимум во годишните извештаи на Комисијата.

Со цел усогласување со меѓународните стандарди, ОБСЕ препорачува на јавните органи да им се наложи проактивно објавување на низа информации од јавен интерес, дури и тогаш кога за тоа нема конкретно барање. Процедурите за пристап до информации треба да бидат едноставни, брзи и ефтини. Заштитата на приватноста треба да биде еден од приоритетите.

Исто така, се препорачува можност за поднесување жалба на било кое одбивање до независно тело со целосна надлежност да ги истражува и решава таквите жалби, при што треба да постојат и санкции за непочитување.

Уште еден клучен текст кој ги поставува стандардите со кои треба да се усогласи овој закон е Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи, која земјата ја потпиша на 18 јуни 2009 година, но која сè уште не е ратификувана. Како што е наведено во оваа анализа, Конвенцијата вклучува широка дефиниција на јавните тела, воспоставува ограничен сет на исклучоци и воспоставува јасни процедури за постапување со барањата. Од особена важност за земјата е режимот на исклучоци, при што оваа измена на законот претставува можност за усогласување на правната рамка со Конвенцијата, а со тоа и за ратификација на Конвенцијата.

Стандардите за транспарентност на Европската унија, исто така, се релевантни, вклучувајќи ја и регулативата на ЕУ за пристап до документи (Регулатива 1049/2001) и судската практика на Судот на правдата на Европската унија. Договорите на ЕУ објаснуваат колку отвореноста во донесувањето одлуки е важна за обезбедување на добро владеење и учество во демократскиот живот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG