Линкови за пристапност

НАТО може да го врати пристапниот процес на Македонија под ФИРОМ


Формалното членство да се случи дури откако ќе се постигне договор за името, се вели во извештај за Западен Балкан, кој денес беше промовиран во Институтот за мир во Вашингтон

Влезот на Македонија во институциите на Европската унија и НАТО мора да биде приоритет, е една од главните забелешки за државата, нотирани во извештајот „Време за акција на Западен Балкан”, кој денеска беше презентиран во Институтот за мир во Вашингтон.

„САД треба да го искористат нивното влијание на највиско ниво во Македонија и Грција, за да ја истакнат важноста од решавање на спорот со името, кој што стои на патот, како и да работат со Обединетите нации да стават крај на ова прашање”, стои во извештајот.

Во него се додава дека „НАТО, исто така, може да земе предвид обновување на пристапниот процес на Македонија под одредницата ФИРОМ, но, формалниот влез да се случи штом ќе биде постигнат договор меѓу Македонија и Грција”.

Дури и утре Македонија и Грција да постигнат договор, ќе треба време за влез во ЕУ и НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00

Извештајот, кој го одразува ставот на група експерти, познавачи на состојбата во Македонија и регионот, забележува дека решавање на спорот со името е поблизу до крајот од кога и да било порано, истакнувајќи ја посветеноста на македонскиот и грчкиот премиер Заев и Ципрас.

Амбасадорот и советник за меѓународни прашања Френк Виснер, вели дека има и добри, и лоши вести околу решавање на долгогодишниот спор за името.

„Добрата вест е дека Владите на Македонија и Грција се доближија во поглед на многу прашања, и има топла атмосфера на дијалог и размена на идеи, кои двете страни ги поставуваат на маса. Очигледна е и хемијата меѓу министрите за надворешни работи. Има сериозни можности двете страни да најдат решение, но, се' уште не се таму. Во секој случај, доста е ветувачки”, вели Виснер.

Сепак, смета тој, потои предизвик.

„Треба да се завршат три работи од страна на Македонија - парламентарна одлука, промена на Уставот и референдум. Дури и утре Грција и Македонија да постигнат договор, ќе треба многу време пред да почне процесот за влез во НАТО и Европската унија. Нема брзо решение, туку многу работа”, убеден е Виснер.

Тој, заедно со останатите експерти, заклучија дека САД и Европската унија треба да ги дефинираат нивните стратегии, да го обноват партнерството во поглед на поголем ангажман на Западен Балкан, како и да ја спречат руската, и можната кинеска пропаганда.

„Треба да се спречи руското манипулирање со медиумите преку објективни алтернативни извори на информирање, и преку поддршка на независните медиуми. Да се зголеми соработката меѓу НАТО и ЕУ во заедничките напори да промовираат кибернетска безбедност”, велат тие.

Извештајот потенцира дека САД, исто така, треба да ги охрабрат европските лидери да се договорат за кредибилен пат на интеграција на државите од Западен Балкан, по целосно исполнување на потребните реформи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG