Линкови за пристапност

Оптимизам во Македонија по стартот на скрининг процесот со ЕУ


Реакции по отпочнување на процесот на усогласување на македонските со европските закони
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Не е поврзано само со усогласувањето на законодавството, туку и со промена на менталитетот

Македонија ќе може да одговори позитивно на обврските од скрининг процесот до јуни наредната година, кога и официјално треба да ги започне преговорите за членство во Европската унија.

Тоа всушност ќе значи усогласвање на домашното со европското законодавство, и согледување на разликите кои ќе треба да се надминат.

Во однос на подготвеноста на администрацијата за овој предизвик, за Гласот на Америка, министерката за правда Рената Дескоска вели:

„Можеби не е идеално но, сепак верувам дека имаме капацитет. Скринингот ќе трае пократко, но потоа процесот на преговори е нешто што јас во овој момент не можам да го предвидам.Тоа е процес кој трае малку подолго и ќе треба да заврши со членство на Македонија во ЕУ“, вели Дескоска.

И поранешниот македонски амбасадор во Лондон и Софија Ѓорѓи Спасов, мисли дека Македонија ќе успее да се справи со овој сериозен предизвик, особено што земјава има статус кандидат за членство од 2005-та година.

„Во сите институции на државата постојат одделенија кои го подготвуваат и усогласуваат законодавството на Македонија со законодавството на ЕУ. Во таа смисла, мислам дека скрининг процесот многу брзо и многу успешно ќе заврши“, вели Спасов.

Она што сепак недостасува е капацитетот на институциите, како и техничките стадарди кои Македонија ќе мора да ги исполни додава поранешниот амбасадор.

„Не е поврзано само со усогласувањето на законодавството, туку и со промена на менталитетот. Проблемот во Македонија е што ние имаме авторитарни политички партии кои кога доаѓаат на власт имаат намера да ја заробат државата, а кога се во опозиција имаат намера да направат блокада на државата. Клучниот проблем на Македонија во таква ситуација е способноста на институциите да не дозволат да профункиоцнира класичната поделба на власта, која во исто време обезбедува баланс на системот, односно контролата на меѓусебните институции“, додава тој.

Преговорите со ЕУ почнуваат во најчустивтелните сектори, а тоа со поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на правосудството и човековите права, а на кои долго време се укажува како најпроблематични.

Во однос на референдум за името, Спасов се надева дека истиот во најбрз можен рок ќе биде органзиран, за да граѓаните, како што вели тој, ја покажат нивната определба за членство во НАТО и ЕУ.

Министерката Десковска, пак, вели дека сите политички партии имаат обврска да го спроведат референдумот, бидејќи тој бил дел од сите изборни програми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG