Линкови за пристапност

Ќе следи тешка дебата, но, Виена е оптимист за датум за преговори со ЕУ


Членките на Унијата се` уште немаат усогласен став за старт на преговори на Македонија со ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Веруваме дека Северна Македонија и Албанија треба да добијат зелено светло и да почнат преговори за членство, порача од Скопје шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг

Членките на Унијата се` уште немаат усогласен став за старт на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија. Според шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг, ќе следи тешка внатрешна дебата, но, уверува дека Виена е „за“ и е оптимист дека ќе има позитивна одлука.

„Мојата споредба е како онаа со Тур де Франс, зборуваме за тоа кој ќе биде на стартот, патот е долг, со многу етапи и потешкотии. Мислам дека не треба да има дискриминација за тоа кој ќе биде на стартната линија. Веруваме дека двете земји и С. Македонија и Албанија треба да добијат зелено светло и да почнат преговори за членство“, вели Шаленберг.

Шаленберг не сака да предвидува дали има опција за разделување на двете земји. Според шефот на македонската дипломатија, една држава со датум е подобро од ниту една.

„Најдобрата опција за нас е девет земји да одиме напред, но не смееме да дозволиме една да биде жртва на другата. Значи, две е подобро од една, а една е подобор од нула, што би било неуспех и би ја срушило политиката на ЕУ“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Претставниците на Унијата во земјава веруваат дека државите-членки сепак ќе постигнат консензус.

„Оваа работа е во рацете на земји - членките и не би сакал да предвидувам, но позицијата на ЕК е многу јасна, и тоа не е наведено само во извештајот што предлага старт на преговори, туку и од сите структури на ЕУ дека земјата треба да почне преговори за членство. Ова внесува оптимизам во пресрет на идната недела“, изјави Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ.

Во очекување на одлуката на европските министри, во Скопје се дебатираше и за значењето на Преспанскиот договор како клучен за деблокирањето на ЕУ процесите, и што треба да следи во иднина.

„Според мене клучно е дека Договорот од Преспа мора целосно и искрено да се имплементира во двете земји. Одговорноста е на политичките елити и на лицата од јавниот живот дека мора новото име да се користи во секоја прилика. Ако сакаме договорот да успее, новото име мора да се користи“, рече Марилена Копа од Универзитетот на Атина.

Договорот од Преспа, според членките на Унијата, е пример за решавање на проблемите во регионот и е еден од клучните аргументи зошто Северна Македонија на состанокот во Луксембург треба да добие датум за преговори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG