На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје немаат информација дека некоја жена кај нив имала абортуси во рок од една година.
Сепак, токму одредбата од предлог-законот со што абортусот се ограничува на еден во текот на годината, освен во специфични случаи, ја подели јавноста, како граѓаните, така и лекарската фела. Уште една од новините е што за бројот на абортуси во една година ќе одлучува комисија во рамките на Министерството за здравство.
За министерот за здравство Никола Тодоров, нема ништо спорно во предлогот - се` било во корист на заштита на здравјето на жените.
„Со новиот закон, ниту се забранува абортусот, ниту се ограничува правото на избор, туку се штити здравјето на жените, да добијат повеќе информации и самите да донесат одлука“, вели Тодоров.
Според него, новиот предлог е идентичен со сегашниот закон, кој е на сила веќе 37 години и, според него, е меѓу најлибералните во светот. Промените биле само фасадни, се корегирале некои идеолошки одредби од комунизмот, како организација на здружен труд, основна организација на здружен труд кои се заменуваат со јавна здравствена установа, наведува Тодоров.
Но, во ова не се убедени неговите колешки -политичарки. Жестока дебата се разви во Собранието уште во расправата за тоа дали законот да се стави на дневен ред.
„Пратенички, размислете и не дозволувајте ова да се случи. Да не дозволиме некој со закон да управува со нашето тело. Овој закон ќе загрози два живота - животот на мајката и на детето. Симнете го законот затоа што не е по желба на ниту една жена во Македонија“, рече Цветанка Ивановска.
„Овој закон треба да се повлече затоа што е крајно рестриктивен и ги ограничува правата и слободите на жените да располагаат со своето тело и да решаваат за правото за раѓање. Тоа се уставни права и пракса со децении“, кажа Лилјана Поповска, која смета дека ваквиот закон не е заштитнички, туку штетен кон здравјето на жените, и би ја активирал црната берза на абортуси.
Новиот закон за прекин на бременоста ги разбуди невладините организации. Со транспаренти „Мое тело, моја одлука“, на министерот му порачаа - наместо рестриктивни закони, да ги стави контрацептивните средства на позитивната листа на лекови. Според нив, спорно е и тоа што мерките не се во согласност со научни сознанија, медицина базирана на докази, ниту пак со насоките на Светската здравствена организација.
„Формирањето Комисија во здравствената установа од страна на министерот дополнително ќе ја бирократизира процедурата за жената која поднела барање, а индиректно министерот ќе биде во улога на одлучувач дали на жената да и`се прифати барањето или не“, вели Неда Коруновска од невладината „ХЕРА“
Гинеколозите, пак, поделени - за некои законот е позитивен, бидејќи се одредува дека абортусот може да се извршува само во здравствени установи, дека се воведува рок од три дена во кој жената би донела одлука и задолжителен ултразвук пред абортусот. Комисијата во Министерството за здравство ќе биде задолжена за одлуката кај оние жени кои сакаат абортус по 10-тата недела од бременоста.
„Жените повторно ќе можат, ако сакаат да ја прекинат бременоста, а ако досега беше потребна согласност од мажот,сега тоа не е потребно“, вели Марија Хаџи Лега, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.
За други пак, ограничувањата ќе бидат контрапродуктивни.
„Жените кои сакаат да ја прекинат бременоста, ќе го направат тоа со помош на нестручни луѓе, во несоодветни услови или помош ќе бараат надвор од државата“, смета Маја Морачанин, претседател на Форумот на жени на ДОМ.
Според предложениот закон, втор абортус во иста година ќе биде можен и во случаи кога може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци или кога до зачнувањето дошло со извршување кривично дело - силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење, како и кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето жената би можела да дојде во тешки, лични семејни, материјални или други услови што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.
Во Македонија, официјално, годишно има по пет илјади абортуси, но бројката на оние кои се прават на „црно“ - не се знае.