Час и половина во петок попладне во Владата, премиерот Никола Груевски ги презентираше резултатите кои владата, што тој ја предводи, ги постигна во изминатите четири години.
„Клучен успех постигнат од оваа влада е воспоставување на нови критериуми според кои ке се оценува успех на било која наредна влада“, изјави премиерот Груевски во неговиот отчет за сработенто откако ја состави првата влада во 2006 та година по победата на парлементрните избори.
Експозето на Груевски пред новинарите беше посветено воглавно на пакетите од економската сфера кои според него во голема мера ја заздравиле социјално економската ситуација во државата.
За актуелната економска ситуација Груевски одговорноста ја префрли врз актуелната светска економска криза која, како што рече, има последици и врз Македонија. „Македонија денеска има најниски даноци во Европа, намалени се стапките на придонесот за пензиско осигурување на 19 отсто и здравствено осигурување на 7,3 отсто, со цел да се намалат трошоците на фирмите и да се подобри нивната конкурентност“, кажа Груевски.
Со проектот „регулаторна гилотина“ значајно е поедноставена регулативата, рече премиерот. „Поевтинети се услугите е и намален е бројот на потребни документи во административните процедури. Економијата рекордно порасна од дури шест отсто од 2007 и пет отсто во 2008. Растот на извозот е за рекордни 60 отсто во тие две години, рекордно пораснаа странските директни инвестиции - за тие две години, 2007 и 2008, и се доближија до речиси една милијарда евра. Странските директни инвестиции во периодот од почетокот на 2007 до јуни 2010 достигнаа вкупно 1.187.000.000 евра, што е за 200.000.000 евра повеќе од вкупниот прилив на странски инвестиции на сите влади на СДСМ во изминатите 20 години“, изјави Никола Груевски.
Веднаш по негивот настап реагираше опозициската СДСМ. Според нив „Груевски во отчетот кој го дал ни самиот не верува“. „Дека нешто шкрипи се гледа и по тоа што зад кажаното не стои ДУИ. Секој пат досега тој стоеше горд кога зад него беа застанати сите министри. Денска тој беше сам. Можевте да забележите и треперење во неговиот глас а конечно и поцрвене не верувајки ни самиот во лагите кои ги искажа“, изјави потпретседателот на социјлдемократите Зоран Заев.
Со свои оценки истапија и медиумите.За уредикот на А1 ТВ, Младен Чадиковски, најголем виновник за актуелната лоша економска ситуација во државата не е светската криза, туку политичката нестабилност.
„Политичката клима е главната причина што ги одврати странските инвеститори од Македонија. Македонија не правеше доволно и во услови на таа криза да успее со својата политичка сериозност, со својата политичка стабилност да се наметне како регионален и балкански играч кој што ќе им каже на инвеститорите - ние сме сериозна држава, ве чекаме кога ќе заврши кризата. Не, наместо тоа, македонската порака беше - ние можеме и сами, можеме да продолжиме и без НАТО, можеме да продолжиме и без ЕУ. Инвеститорите тоа не го сакаат“, вели Чадиковски.
Критички кон владеењето на Груевски во изминатите четири години се осврна и главиот уредик на тиражниот дневен весник Дневник.
„Не добивме еден лидер, еден државник кој знае да поднесе медиумска критика и не само да поднесе, туку кој знае да стимулира новинарска критика за да неговата работа, работата на неговите министри, на другите државни и јавни институции, да биде подобра. Ние не станавме модерна демократија во која што членувањето во политичка партија ќе биде хоби на граѓаните, а не главна задача за, кога ќе дојдат петте минути на таа партија, да се обезбеди некаква егзистенција“, вели Сашо Кокаланов главен и одговорен уредник на Дневник.
Отчетот за четири години владеење на Никола Груевски во нардните денови се очекува да биде главна тема на дебати и анлизи во медиумите. Инаку Никола Груевски според истражувањата на јавното мислење и понатаму има најголема подршка од граѓаните.