Линкови за пристапност

Колку радикалниот ислам е закана за Македонија?


Колку радикалниот ислам е закана за Македонија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Колку радикалниот ислам е закана за Македонија?

Тероризмот е реална опасност, и потегот на Трамп е исправен, велат некои од експертите.

Радикалниот ислам и тероризмот и понатаму се сериозна закана за Македонија, регионот, но и целиот свет, велат експерти за Гласот на Америка, додавајќи дека е потребна засилена соработка на овој план.

Кулај Акман, професор на Универзитетот во Селџук од Турција, изјави дека никој не може да предвиди дали ќе има нови терористички напади.

„За оваа мирна околина екстремизмот, тероризмот и вандализмот се сериозен проблем. Затоа сите држави од овој регион вклучувајки ги и Турција, Македонија, Босна, мора активно да се бориме против тероризмот и да ја браниме демократијата. Во јули во Турција видовме дека терористичкото движење против нашата демократија беше многу штетно за општеството. Ова е голема порака од Турците, дека треба да се брани демократијата за да можеме да живееме заедно во мир“, вели Акман.

Иван Бабановски, поранешен висок функционер во македонската државна служба за безбедност, изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на влез на жители од седум држави со главно муслиманско население, е само придонес во борбата против тероризмот. Тој вели дека и Македонија треба да биле подготвена за нови предизвици, при евентуално нов голем бран на мигранти.

„Го подржувам претседателот Трамп во неговите настојувања да создаде безбедносна политика која ќе ја брани Америка и нејзините граѓани од радикалните џихадисти. Сметам дека е сето тоа дотерување на едно зло, а тоа е денес мега тероризмот“, вели Бабановски.

„Мора да се подготвиме за пролетната офанзива од завојуваните подрчаја кон Европа, а еден дел од тие луѓе ќе останат на нашите подрачја, и ако е точен податокот на големите западни тајни служби дека се планира годинава околу 150 милиони мигранти да поминат преку територијата на Балканот, тоа е навистина сериозно“, додава Бабановски.

Универзитетскиот професор и поранешен висок полициски функционер Стефан Буџакоски, смета дека во Македонија треба да се направи централистичко управување во безбедносниот систем бидејки тоа го налагале новите безбедносни ризици.

„Тоа значи дека разузнавањето и контраразузнавањето треба да се под една капа. Тоа значи слевање на сите информации во еден центар и автоматски нивното користење ќе биде од сите подеднакво. Македонија како држава секогаш има можност да дојде до одредени терористички активности. Ние гледаме дека од нашата држава има доста учесници во ИСИС кои имаат голема улога во тие активности“, вели Буџакоски.

Според него, наредниот период може да се очекуваат нови форми да дејствување на терористичките организации со цел постигнување на нивните цели.

XS
SM
MD
LG